08 Декември, 2024
0.0296

Грузија го замрзна зачленувањето во ЕУ

Објавено во: Свет 28 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Грузиската владејачка партија денес објави дека земјата ќе ги прекине преговорите со Европската унија до 2028 година и ќе го отфрли европското финансирање, со што практично ќе ја стопира својата кандидатура за членство.

Во соопштението, владејачката партија Грузиски сон ја обвини ЕУ за „тирада на навреди“, за користење на пристапните преговори за „уцена“ и „организирање револуција во земјата“.

„Одлучивме да не го ставаме на дневен ред прашањето за отворање преговори со ЕУ до крајот на 2028 година. Исто така, одбиваме какви било буџетски средства од ЕУ до крајот на 2028 година“.

Јужнокавкаската земја со население од 3,7 милиони го запиша пристапот во ЕУ во својот Устав и традиционално е најпрозападна од сите поранешни советски републики.

Грузиските односи со Брисел нагло се влошија во последните месеци. ЕУ претходно објави дека барањето за членство на Грузија е замрзнато.

Анкетите покажуваат дека околу 80 отсто од Грузијците го поддржуваат членството во ЕУ и знамето на ЕУ се вее заедно со грузиското национално знаме на сите владини згради.

Грузискиот сон уверува дека еден ден сака да влезе во ЕУ, но во последниве години постојано се занимава со дипломатски спорови со Брисел и ги продлабочува односите со соседна Русија.

Претходно во четвртокот, грузискиот премиер Иракли Кобахиџе им рече на новинарите дека членството во ЕУ може да и наштети на економијата на Грузија, бидејќи Тбилиси ќе мора да ги откаже визните договори и трговските договори со други земји.

ЕУ ѝ додели на Грузија кандидатски статус во декември 2023 година, но критикуваше одредени закони што ги турка Грузискиот сон оттогаш, вклучувајќи ги законите за „странски агенти“ и правата на ЛГБТ, како авторитарни, инспирирани од Русија и како бариера за членство.

Западните земји оценија и дека изборите во октомври, на кои блокот Грузиски сон освои речиси 54 отсто од гласовите, се полни со нерегуларности. Опозициските партии рекоа дека изборите биле наместени и одбија да ги заземат своите места во парламентот.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Макрон ги спои Трамп и Зеленски во Париз

Макрон ги спои Трамп и Зеленски во Париз

НЕ СЕ ПОВЕЌЕ ИСИС: Кои се новите бунтовници во Сирија?

НЕ СЕ ПОВЕЌЕ ИСИС: Кои се новите бунтовници во Сирија?

Томпсон најверојатно е убиен поради незадоволство од третманот кај здравствените осигуреници во САД?

Томпсон најверојатно е убиен поради незадоволство од третманот кај здравствените осигуреници во САД?

Полицијата пронашла ранец поврзан со убиството на извршниот директор на United Heltaker

Полицијата пронашла ранец поврзан со убиството на извршниот директор на United Heltaker

Во Париз денес се собира светската елита, се отвора „Нотр Дам“

Во Париз денес се собира светската елита, се отвора „Нотр Дам“

ВОВЕДУВААТ РАБОТНА НЕДЕЛА ОД ЧЕТИРИ ДЕНА: Целта им е да го зголемат наталитетот

ВОВЕДУВААТ РАБОТНА НЕДЕЛА ОД ЧЕТИРИ ДЕНА: Целта им е да го зголемат наталитетот

(ВИДЕО) КАДИРОВ МУ ПОНУДИ ПИШТОЛ НА УКРАИНСКИ ЗАРОБЕНИК: Ги терал и да скандираат „Русија“

(ВИДЕО) КАДИРОВ МУ ПОНУДИ ПИШТОЛ НА УКРАИНСКИ ЗАРОБЕНИК: Ги терал и да скандираат „Русија“

РУСИТЕ СО КОМЕРЦИЈАЛНИ ЛЕТОВИ ДА ЗАМИНАТ ОД СИРИЈА: Апел од руската амбасада во Дамаск

РУСИТЕ СО КОМЕРЦИЈАЛНИ ЛЕТОВИ ДА ЗАМИНАТ ОД СИРИЈА: Апел од руската амбасада во Дамаск

(ВИДЕО) ОДЕКНАА ЕКСПЛОЗИИ: Украинците го нападнаа Кримскиот мост

(ВИДЕО) ОДЕКНАА ЕКСПЛОЗИИ: Украинците го нападнаа Кримскиот мост