(ВИДЕО) СНЕЖНО НЕВРЕМЕ ВО ЈУЖНА КОРЕЈА: Загинаа неколку луѓе
Објавено во: Свет 28 Ноември, 2024
Најмалку четворица загинаа во снежното невреме што ја зафати Јужна Кореја.
Едно лице загина, а две други се повредени на терен за голф, откако синоќа врз нив паднала мрежа врз која имало снег, а уште едно лице загина при уривање заштитен шатор на паркинг.
Најмалку уште две лица загинаа во сообраќајни несреќи на автопатите источно од главниот град.
Полицијата извести дека 11 лица се повредени синоќа во верижна несреќа во која учествувале 53 возила на автопат во централниот град Вонџу во провинцијата Гангвон.
Во делови од Сеул наврнаа над 40 сантиметри снег, а откажани се повеќе од 140 летови.
The South Korean capital of Seoul has been hit by record November snowfall for 100 years.
— Channel 4 News (@Channel4News) November 27, 2024
Up to 20 centimetres of snow fell in some places, disrupting traffic and forcing hundreds of flights to be cancelled. pic.twitter.com/imRSdVAIdg
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.