16 Мај, 2025
0.0333

(ВИДЕО) ПУТИН СЕ ИЗВИНИ НА МЕРКЕЛ: Ангела, прости ми, не сакав да те вознемирувам

Објавено во: Свет 28 Ноември, 2024 18:50

Добивај вести на Viber

Рускиот лидер Владимир Путин се извини на поранешната германска канцеларка, Ангела Меркел откако таа опиша одредена ситуација во своите Мемоари. 

Рускиот претседател Владимир Путин ги отфрли тврдењата на Меркел дека намерно се обидел да ја заплаши со својот лабрадор при нивната средба во Сочи во 2007 година.

„Искрено кажано, а веќе и’ кажав на Меркел – не знаев дека се плаши од кучиња. Да знаев, никогаш немаше да го сторам тоа. Напротив, сакав да создадам лежерна, пријателска атмосфера. Дури потоа дознав дека се плаши од кучиња“, истакна Путин. 

Тој се извини на Меркел. 

„Сега разговараме, сето тоа ќе биде медиумски, па би сакал уште еднаш да и’ се обратам: Ангела, прости ми, не сакав да те вознемирувам, напротив, сакав да создадам позитивна атмосфера“, рече Путин. 

Вели дека ако пак се сретнат, во што не верува, нема да постапи како тогаш. 

Меркел во своите Мемоари нагласи дека Путин намерно го користел својот лабрадор за да ја заплаши и дека знаел за нејзиниот страв од кучиња. 

„Се обидов да го игнорирам кучето иако тоа се движеше веднаш до мене. Ги толкував изразите на лицето на Путин како да ужива во ситуацијата. Дали ова беше мала демонстрација на моќ? Само се обидов да останам смирена, да се концентрирам на фотографите, не му кажав ниту збор на Путин“, рече Меркел.

Таа истакна дека инцидентот се случил и покрај експлицитните барања на германскиот дипломатски персонал да го чува кучето подалеку. Таа додаде дека Путин покажал свест за нејзината фобија една година порано давајќи ѝ плишано куче во Москва. Во 1995 година, куче ја каснало Меркел и таа оттогаш се плаши од кучиња. Меркел во Мемоарите пишува и за други лидери. Од балканските го спомена поранешниот македонски премиер, Зоран Заев за кого напиша дека е храбар. 


Можеби ќе ве интересира

МЕДИНСКИ ДО ЗАПАДОТ: Русите секогаш си доаѓаат по своето

МЕДИНСКИ ДО ЗАПАДОТ: Русите секогаш си доаѓаат по своето

ОТКАКО ПУТИН НЕ ПРИФАТИ ПРИМИРЈЕ: Макрон најави дека ќе има заеднички одговор

ОТКАКО ПУТИН НЕ ПРИФАТИ ПРИМИРЈЕ: Макрон најави дека ќе има заеднички одговор

(ВИДЕО) ЕВРОПСКИТЕ ЛИДЕРИ КАКО БЕБИЊА: Ова видео ги насмеа политичарите во Тирана

(ВИДЕО) ЕВРОПСКИТЕ ЛИДЕРИ КАКО БЕБИЊА: Ова видео ги насмеа политичарите во Тирана

(ВИДЕО) УМЕРОВ: Наскоро e можна голема размена на затвореници меѓу Украина и Русија

(ВИДЕО) УМЕРОВ: Наскоро e можна голема размена на затвореници меѓу Украина и Русија

НАЈГОЛЕМАТА ЗДРАВСТВЕНА АМЕРИКАНСКА КОМПАНИЈА ПРЕД КОЛАПС, ПОД ФЕДЕРАЛНА ИСТРАГА ЗА ИЗМАМА: Директорот поднесе оставка, сопственикот е убиен пред неколку месеци

НАЈГОЛЕМАТА ЗДРАВСТВЕНА АМЕРИКАНСКА КОМПАНИЈА ПРЕД КОЛАПС, ПОД ФЕДЕРАЛНА ИСТРАГА ЗА ИЗМАМА: Директорот поднесе оставка, сопственикот е убиен пред неколку месеци

БРИТАНИЈА ВО ЕУ ПОВТОРНО? „Тоа ќе биде членство во ЕУ 2.0“

БРИТАНИЈА ВО ЕУ ПОВТОРНО? „Тоа ќе биде членство во ЕУ 2.0“

„ЗЕЛЕНСКИ БЕШЕ ПОДГОТВЕН ДА СЕ СРЕТНЕ СО ПУТИН, НО ТОЈ НЕ СЕ ПОЈАВИ“: Фон дер Лајен за преговорите и претседателот на Русија

„ЗЕЛЕНСКИ БЕШЕ ПОДГОТВЕН ДА СЕ СРЕТНЕ СО ПУТИН, НО ТОЈ НЕ СЕ ПОЈАВИ“: Фон дер Лајен за преговорите и претседателот на Русија

Уапсен Украинец кој подметнувал пожари на имотот на Стармер

Уапсен Украинец кој подметнувал пожари на имотот на Стармер

МАРКО РУБИО СЛЕТА ВО ИСТАНБУЛ – СОСТАНОК МЕЃУ САД, ТУРЦИЈА И УКРАИНА: Директни преговори меѓу Русија и Украина нема

МАРКО РУБИО СЛЕТА ВО ИСТАНБУЛ – СОСТАНОК МЕЃУ САД, ТУРЦИЈА И УКРАИНА: Директни преговори меѓу Русија и Украина нема