05 Декември, 2025
0.0309

Гугл ја повлекува тужбата против Ејпл

Објавено во: Економија 03 Октомври, 2012 12:28

Добивај вести на Viber

Гугл неочекувано ја повлече тужбата против Ејпл поради патентот покрената во мај, откако претходно ја превзема „Motorola Mobility“ за 12милјарди долари. Во август, новата фирма на Гугл, поднесе тужба во американската Меѓународната комисија за трговија , притоа тврдејќи дека Ејпл неовластено користи  седум од неговите патенти за технологија, како што се пораките, гласовните команди и мултимедија. Пред две недели, Комисијата одлучи да се истражуваат обвинувањата кон Ејпл, но пред  само два дена, Гугл пратил допис во кој се откажува од сите тужби, за процесот кој се очекуваше дека ќе трае најмалку една година. Гугл не даде објаснување зошто се одлучила на последниот потег за повлекување на тужбата, но оттаму само навестија дека и понатаму ќе си ги бранат своите партнери. Ејпл, од друга страна пак, во ниту еден момент не покажа дека се противи на тужбата поднесена за крадење на патентите, па оттаму одбиваат да ги коментираат и последните случувања. Двете компании поднесоа низа тужби за патенти, едни против други,  низ целиот свет. Истовремено со повлекувањето на жалбата на  Гугл, Самсунг ги засили своите тужби против Ејпл во САД.  Јужнокорејската компанија го стави „ iPhone 5“ на листата уреди за кои тврди дека неовластено ги користат нивните патенти.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања

Германската Heidelberg Postpress бара стабилната деловна средина и квалификувани работници - ТИРЗ Скопје и Штип меѓу потенцијалните локации

Германската Heidelberg Postpress бара стабилната деловна средина и квалификувани работници - ТИРЗ Скопје и Штип меѓу потенцијалните локации

Инженери на РМ: ВМРО-ДПМНЕ да ја повлече наплатата од 200 денари за пристап до мрежа, како што вети

Инженери на РМ: ВМРО-ДПМНЕ да ја повлече наплатата од 200 денари за пристап до мрежа, како што вети