H&M ќе инвестира 115,5 милиони долари во нови продавници
Објавено во: Мои пари 07 Декември, 2013 08:14
Шведската компанија планира да инвестира 115,5 милиони долари во отварањето на 50 продавници во цела Индија.
Азиската земја го отвори пазарот за странски инвеститори, кои се бават со трговија на мало во обид да го стимулираат економскиот раст.
Од своја страна компании како H&M се склони да работат на развојни пазари како Индија, за да го поттикнат понатамошниот раст.
Во Септември шведскиот моден гигант забележа раст во добивката благодарение на продолжениот раст во Азија. Компанијата објави дека има нето заработка во размер од 4,4 милијарди шведски круни (690 милиони долари) за третото тромесечие од годината, како и 22% раст наспроти истото тромесечје минатата година.
Големата продажба во Кина и Јапонија дадоа силен придонес врз заработката, но компанијата забележа раст и на европските пазари.
Индија е третата по големина економија во Азија и H&M се надева, дека растот на населението ќе доведе до зголемување на побарувачката на гардероба.
Во Ноември оваа година британската компанија за продажба на гардероба Marks & Spenser, го отвори во Мумбаи најголемиот продажен салон во Индија.
Иако H&M е компанија која е присутна на пазарите во речиси сите соседни земја, шведскиот гигант се уште нема потврдна одлука за инвестиција во Македонија. Пред извесно време во центарот на Скопје се појави името на овој моден гигант во, но за жал на потрошувачите од централата одговорија дека сепак нема да влезат на македонскиот пазар.
H&M, важи за бренд кој нуди висок квалитет на гардероба, но во споредба со останатите светски познати брендови нуди пониски цени. Веројатно ова е и главната причина што во време на криза компанијата бележи раст на речиси сите пазари, без разлика дали станува збор за Азија или Европа.
К.К.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




