18 Декември, 2025
0.0418

Бизнис или екологија: За старата облека во „H&M“ добивате купон со попуст!

Објавено во: Свет 03 Март, 2013 20:07

Добивај вести на Viber

Клиентите во шведскиот моден ланец „H & M“ од февруари можат во овие модни куќи да ја носат и својата стара облека, пишува Дојче Веле. Купувачите, за својата стара облека добиваат купон за попуст на новите колекции. Оваа акција се спроведува од целиот свет, а Германија во моментов се вклучени 80 продавници. Секоја година тони текстил се фрлаат во ѓубре и завршуваат во депониите. Но најмногу до 95 проценти од оваа облека може да се носи повторно или пак да се рециклира, велиат од „H & M“. „Сакаме да им понудиме на нашите клиенти на лесен начин да се ослободат од своите стари алишта. На подолг рок, имаме визија од старата да правиме нова облека", изјави портпаролката на „H & М“. Таа објаснува дека собраните алишта прво ќе се чуваат во продавница, а потоа партнерските компании ќе ја собираат и транспортираат за селекција според различни критериуми. Облеката која се уште е нослива, ќе биде продадена како половна облека. Текстилот пак кој повеќе не може да се носи, ќе се претвори во крпи или ќе се користи за производство на материјали за изолација. Приходи ќе бидат акумулирани за социјални проекти и истражување на тема рециклирање. Критичарите пак истакнуваат дека акцијата не е создаден само од грижа за животната средина, туку затоа што овие клиенти ќе бидат охрабрени да дојдат во продавница и да добијат попуст од 15 отсто за да купат нешто ново и да потрошат пари. Донациите на облека во соработка со компаниите се контроверзни, бидејќи многумина од рециклирање прават вистински бизнис. „Од тон стара облека може да се заработи околу 250 милиони евра. Според тоа, освен компаниите, во бизнисот влегуваат и се поголем број општини", објаснува Дитер Шулц од Германскиот Црвен крст. Само во Германија секоја година се фрла околу еден милион тони стара облека. Ова значи дека по контејнерите лежат 250 милиони евра, пишува Дојче Веле.  

Можеби ќе ве интересира

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина