05 Декември, 2025
0.2819

ХАЏИМИШЕВ ЗА ФАКТОР: Топлификација не е загубар и ќе тужиме за штетата, парното допрва ќе поскапува

Објавено во: Економија 27 Септември, 2021 11:51

Добивај вести на Viber

Топлификација АД во стечај не е загубар и вреди многу повеќе од постигната цена на организираната лицитација. Во четвртокот Адора инженеринг соопшти дека за 9,3 милиони евра, ги купила Топланите Исток и Запад и најголемиот дел од останатиот имот на Топлификација АД, која е во стечај. Хаџимишев кој е претставник на малите акционери и долгогодишен прв човек на компанијата вели дека Топлификација била единствено претпријатие од таков тип во регионот кое го зголемило својот капитал низ годините од 1994 до 2017 година и најавува тужба.

„ Веќе има постапки пред домашните наделжни органи за постапката со која Топлификација се носеше во стечај, а две постапки се подготвуваат за судските институции надвор од државата. Ова е рашомонијада. Ако се реализира оваа продажба ќе ја тужиме државата за штета направена во судска постапка, вели Хаџимишев за Фактор.

Тој објаснува дека проценетата вредност на Топлификација АД во стечајната постапка на оваа фирма без побарувањата од ТЕ-ТО по основ на пресудата на Врховниот суд е над 30 милиони евра. Вкупната вредност пак заедно со побарувањата е над 63 милиони евра.

Инаку Адора нема да ги откупува долговите кои не ни биле на продажба на јавната лицитација. Хаџимишев вели дека Топлификација е успешна приказна, но дека сите околности во кои како што вели има и сериозен криминал претходно, резултирале со исход компанијата да оди во стечај. Таа била прва и единствена компанија која котираше на Македонска берза. Постапката за стечај почна во 2018 година кога ТЕ-ТО како мнозински акционер побара да се отвори постапка за долг од 1 милион евра

Одлуката за продажбата на Адора треба да се донесе на Собранието на доверители на 8 октомври.

Хаџимишев инаку вели дека гасот допрва ќе поскапува во земјава поради цените на глобалниот пазар и затоа што досега цената се држи поради политика.

А.Т.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември