16 Декември, 2025
0.0350

Хаг ја објави одлуката за Шешељ

Објавено во: Балкан 01 Април, 2015 12:39

Добивај вести на Viber

Oбвинителството на Хашкиот трибунал ја објави одлуката за жалбата на Обвинителството на одлука по барање на Обвинителството да се повлече привременото пуштање на слобода Војислав Шешељ.

Одлуката е напишана на српски јазик, како што барал претседателот на СРС, бидејќи претходно одбил да ја прими одлуката на англиски јазик.

Oбвинителството тврди дека  Судскиот совет погрешил во примената на правото поради тоа што не разгледал дали предусловите за привремено пуштање на Шешељ на слобода и понатаму се исполнети, посебно во светло на неговите изјави дека нема да се врати во Меѓународниот суд.

Исто така се наведува дека Судскиот совет не разгледал дали оценката на Судскиот совет привременото пуштање на Шешељ на слобода треба да биде регулирано со минимални услови и понатаму е валидна.

Во врска со тоа, Oбвинителството побарало од Судскиот совет да ја поништи одлуката за одбивање на барањето за враќање на Шешељ, да го повлече пуштањето на Шешељ на слобода и да му наложи да се појави пред Претресниот суд за да се разгледаат условите за евентуално понатамошно пуштање на слобода.

Oбвинителството тврди дека привремено пуштање на слобода може да биде наложено само ако се исполнети два клучни предуслови, претресниот суд да се увери дека обвинетиот ќе се појави на судење и дека нема да претставува опасност ни за една жртва, сведок или друго лице.

Покрај тоа, Oбвинителството тврди дека во светло на изјавата на Шешељ дека нема да се врати во Хаг, Судскиот совет повеќе нема да биде уверен дека предусловите и понатаму се исполнети и дека поради тоа задолжително да го повикаат да се врати.

Oбвинителството исто така тврди дека Судскиот совет не го разгледал неговиот аргумент дека однесувањето на Шешељ после пуштање на слобода поткопува основа по која е одлучено да му се наметнат само минимални услови и од него не се бара да се обврзе дека ќе се придржува до условите за привремено пуштање на слобода.

Во дизпозитивот на одлуката се наведува дека Судскиот совет со спротивно мислење на судијата Тузмукамедов и Афанџеа делумно ја одобрува жалбата, ја поништува оспорената одлука, налага судот веднаш да се повлече условно ослободување на Шешељ.

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството