Хакери повторно ја нападнале Владата на САД
Објавено во: Свет 05 Јуни, 2015 09:32
Владата на САД објави дека открила компјутерска пенетрација, со што се украдени лични податоци на 4 милиони владини претставници.
Сајбер-нападот бил откриен во април од страна на Бирото за управување со персоналот, кое е одговорно за изборот на соработниците на федералните министерства и оддели на обезбедувањето како и пристап до доверливи информации, пренесоа агенциите.
Сенаторот Сузан Колинс, член на Комисијата за разузнавање на Сенатот, ја обвини Кина за нападот.
Според весникот „Вашингтон пост“, кој цитира исказ на едно лице кое сакало да остане анонимно и кое тврди дека, компјутерскиот напад е извршена во декември од кинески хакери. ФБИ соопштило дека сеуште го истражува сајбер нападот.
Според „Асошиејтед прес“ кој исто сакал анонимност и кој е соработник на конгресмен биле пробиени податоците кои се чувале во Бирото за управување со персоналот и во министерството за внатрешни работи. Според други американски официјални претставници, хакерскиот напад би можел потенцијално да влијае на секој федерален завод.
Околу 4 милиони вработени ќе добијат известувања дека нивните лични податоци може да биле компромитирани. Ова е втор пат, припишувајќи на Кина инцидент против федерална агенција за помалку од една година. Во исто време, пред неколку месеци Русија беше обвинета за влез во системот на Белата куќа и Стејт департментот.
Во април претставник на Одделот за управување со персоналот изнесе загрижувачки податоци за време сослушување во Конгресот велејќи дека службата е предмет на речиси два и пол милијарди напади месечно.
Претставник на Кина ги отфрли како „неодговорни“ и „контрапродуктивни“ обвинувањата дека неговата земја ги организирала хакерските напади.
Можеби ќе ве интересира
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина




