Халили: Да имаме закон за забранети имиња како „Ванчо Михајлов“
Објавено во: Македонија 20 Април, 2022 09:45
Поранешниот дипломат Мухамед Халили синоќа во дебатата „Клик плус“ на ТВ21 истакна дека во Македонија треба да има закон за забранети имиња, како што е „Ванчо Михајлов“.
„Закон за забранети имиња немаме и треба да го имаме“, рече Халили.
Поранешниот амбасадор посочи дека посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков и отворањето на бугарскиот културен центар „Ванчо Михајлов“ било една вистинска провокација.
„Една таква посета требаше да има цел за зближување на двете влади, институциите. Но, фактот што таа посета почна и заврши со некои изјави кои не доликуваат на досегашните вистински напори меѓу двата премиера Ковачевски и Петков, тоа значи дека целта не беше постигната, туку беше една вистинска провокација што не само јас лично како поранешен Амбасадор, туку и Советот на Амбасадори така го оквалификува“, рече тој..
Целта било нашите институции да подпаднат под тие провокации за евентуално да се прикаже бугарското малцинство како обесправено.
„Да беше подруга реакцијата, ќе беше алиби на Бугарите дека Северна Македонија не се интересира за малцинските права на Бугарите, и не им дава на нив простор да се докажат. Бугарија проблемот го започна со еден друг метод, а тоа е да го негира постоењето на македонскиот јазик и нација. Кога Бугарија виде дека таквиот пристап не е прифатлив за ниту една членка на ЕУ, и нивната определби ги насочија на друго место. Бугарскиот премиер под раните притисоци во последно време од јавноста, беше решен да покаже едно светло кон јавноста дека тој е оној кој ги брани интересите на Бугарите кои живеат надвор од Бугарија“, истакнал Халили.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




