Халк Банка АД Скопје поднесе апликација за членство во СЕПА која е потврдена од страна на Европскиот платен совет
Објавено во: Мои пари 26 Мај, 2025 10:44
Халк БанкаСкопје официјално ја поднесе својата апликација за членство во Единственото подрачје за плаќања во евра (СЕПА) до Европскиот платен совет за која советот потврди дека е успешно поднесена. Со ова банката ќе биде вклучена во Регистарот на учесници во шемите Евроскиот платен совет на 13 јуни 2025 година.
Овој значаен чекор ја потврдува посветеност да банката да обезбеди на своитеклиенти брзи, сигурни и економични решенија за плаќања низ Европа.
Со членството во СЕПА, Халк Банка Скопје ќе им овозможи на своите клиенти да извршуваат и примаат плаќања во евра под исти услови, со иста леснотија и ефикасност како во рамките на националните граници. Ова значи побрзи трансакции, пониски трошоци и поголема удобност за физичките лица и бизнисите кои работат на европскиот пазар.
Визијата на банката е да биде водечка банка во регионот, нудејќи иновативни и достапни финансиски услуги. Поднесувањето на апликацијата за СЕПА е дел од стратегијата на банката за интеграција во европскиот финансиски екосистем, со што дополнително ја зајакнува позицијатана доверлив партнер за финансиски потреби на населението и бизнис заедницата.
Со пристапот во СЕПА регионот, кој е сочинет од 41 земјa-членкa со преку 4.000 учесници во платежната шема, се очекува банката да биде оперативнoподготвена на почетокот на октомври 2025 година.
Халк БанкаСкопје останува посветена на иновациите и на обезбедување на најсовремени решенија за финансиски услуги, во чекор со европските и глобалните стандарди.
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје
Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти
Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол
СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ
Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство
Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026
Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore
ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија




