06 Декември, 2025
0.1737

Халкбанк од денеска е комплетна дигитална банка – пристап до сите услуги и онлајн

Објавено во: Мои пари 04 Јули, 2025 13:30

Добивај вести на Viber

Халкбанк АД Скопје продолжува да ги поставува стандардите во домашниот банкарски сектор со својата дигитална трансформација. Најновата иновација, можноста за онлајн отворање платежна сметка и електронско банкарство значи чекор поблиску до концептот на комплетна дигитална банка, каде што клиентите можат да пристапат до целосната понуда на банкарски услуги од каде било и во секое време.

Од денеска, сите заинтересирани граѓани резиденти може да отворат платежна сметка и да станат корисници на електронско и мобилно банкарство без физичко присуство во филијала. Постапката е едноставна, брза и целосно безбедна, преку OneID - националниот систем за електронска идентификација, корисникот се најавува, а потоа се пренасочува до апликацијата за отворање платежна сметка и електронско банкарство. Дел од личните податоци автоматски се внесуваат, а договорите се потпишуваат електронски. По завршување на процесот, клиентот добива ЛИБ код за активирање на електронското банкарство.

Со ова, Халкбанк овозможува целосен дигитален пристап до своите услуги. Откако ќе отворите сметка, можете веднаш да аплицирате за дебитна или кредитна платежна картичка, дозволено пречекорување, кредитни производи и депозити, сè преку електронско банкарство.

Со воведување на вакви функционалности, Халкбанк ја потврдува својата посветеност кон унапредување на клиентското искуство и градење на модерна, технолошки напредна и достапна банка. Притоа, сите дигитални решенија се надополнување, а не замена за постојната банкарска инфраструктура – филијалите и понатаму остануваат на располагање за сите кои имаат потреба од физичка поддршка или консултација.

Започнете го своето дигитално банкарско искуство со Халкбанк уште денеска, брзо, сигурно и целосно онлајн.

ПР објава

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј