10 Декември, 2025
0.3480

Халкбанк овозможува кредит целосно онлајн, без шалтер и документација

Објавено во: Мои пари 12 Јуни, 2025 11:08

Добивај вести на Viber

Зошто сè уште би оделе во банка за кредит – кога целиот процес може да се заврши онлајн, без хартија, без чекање и без дополнителни трошоци? Халкбанк веќе нуди услуга која ви овозможува да подигнете потрошувачки кредит од каде било, во кое било време. Online кредитот е дизајниран за клиентите што сакаат сигурност, едноставност и услуга што се прилагодува на нивниот животен ритам.

Кредит од дома – без шалтер и без документација

За аплицирање за Online кредит, клиентот треба да биде примател на плата или пензија во Халкбанк АД Скопје и да има активна електронска банкарска услуга. Дополнително, потребно е во последните шест месеци редовно да има примања на трансакциска сметка во банката. Апликацијата се поднесува со логирање на електронското или мобилното банкарство и избор на табот „онлајн производи“. Договорот се потпишува електронски, со дигитален токен преку VASCO токен (e-signature) , што овозможува сигурен, заштитен и целосно дигитален процес – без физичко присуство.

Достапност во секое време, од било каде

Аплицирањето за Online кредит е достапно 24 часа, седум дена во неделата. Клиентите можат да пристапат до услугата во кое било време, од кој било уред – без разлика дали се дома, на работа или во странство. Тоа го прави процесот не само брз, туку и крајно практичен.

Фиксна камата, без провизии, јасни услови

Износот на кредитот може да биде до 1.500.000 денари, со рок на отплата до 95 месеци. Каматната стапка е фиксна и изнесува 6,5% за целиот период, а вкупниот годишен трошок за кредитот изнесува 6,70%. Висината на кредитот што може да се одобри зависи од месечните примања на клиентот, при што максималниот износ на месечниот ануитет не смее да надмине 40% од нивната плата или пензија.Халкбанк не наплаќа провизија за апликација, нема трошоци за обработка, ниту надомест за предвремена отплата.

Фокусот е на клиентот

Online кредитот не го менува само начинот на аплицирање, туку и целиот пристап кон банкарските услуги. Наместо да се прилагодувате вие на процедурата, процедурата е прилагодена на вас – едноставно, сигурно и во моментот кога навистина ви треба.

*пр објава

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 10 декември изнесува 122,75 евра за мегават час, на МЕМО 114,52 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 10 декември изнесува 122,75 евра за мегават час, на МЕМО 114,52 евра за мегават час

Фросина Пармаковска: „Кривата Дијана“ е роман за магичниот круг на вината и траумите, но и за простувањето

Фросина Пармаковска: „Кривата Дијана“ е роман за магичниот круг на вината и траумите, но и за простувањето

„Празници со 0% камата“ – „Мастеркард“ кредитна картичка од ПроКредит Банка

„Празници со 0% камата“ – „Мастеркард“ кредитна картичка од ПроКредит Банка

Во пресрет на празниците: Тинекс, Конто и Mastercard со заедничка празнична кампања

Во пресрет на празниците: Тинекс, Конто и Mastercard со заедничка празнична кампања

Новоотворениот комплекс Gold Felicia Тетово повторно со богата неделна

Новоотворениот комплекс Gold Felicia Тетово повторно со богата неделна

Халкбанк ја овозможи услугата Apple Pay за своите корисници

Халкбанк ја овозможи услугата Apple Pay за своите корисници

Заедно кон поздрави генерации: Баланс+ со поддршка на младите лекари

Заедно кон поздрави генерации: Баланс+ со поддршка на младите лекари

ПРАЗНИЧНА ВЛТ ЏЕКПОТ МАГИЈА: ВО СТРУМИЦА ОСВОЕН ПРВИОТ РОЈАЛ ЏЕКПОТ ВРЕДЕН 9.389.545 ДЕНАРИ

ПРАЗНИЧНА ВЛТ ЏЕКПОТ МАГИЈА: ВО СТРУМИЦА ОСВОЕН ПРВИОТ РОЈАЛ ЏЕКПОТ ВРЕДЕН 9.389.545 ДЕНАРИ

Еурофарм одбележува 25 години развој: Од една аптека до национален фармацевтски синџир со над 620 вработени

Еурофарм одбележува 25 години развој: Од една аптека до национален фармацевтски синџир со над 620 вработени