05 Декември, 2025
0.0268

Халкбанк- PayPass картички за брзо и бесконтактно плаќање

Објавено во: Мои пари 23 Мај, 2013 12:24

Добивај вести на Viber

 Халкбанк  ја претстави својата нова услуга на пазарот во Македонија - MasterCard PayPass платежните картички за бесконтактно плаќање како одговор на потребите на своите клиенти и во согласност со барањата на модерното време. Ова е првиот и до сега единствениот платежен метод во земјава со кој на купувачите им се овозможува  полесен и побрз начин за плаќање, без да мораат да ја повлечат картичката низ платежниот терминал, да им ја предадат на касиерите, ниту пак да се потпишат на потврдата за исплата. На прес конференцијата одржана по тој повод се обрати Главниот извршен директор на Халкбанк АД Скопје, г. Неџдет Палакчи, кој изјави: „Новата PayPass технологија претставува дел од една ера што Халкбанк ја следи и им ја обезбедува на своите клиенти. Искористете ја можноста да плаќате на уникатен начин додека брзате и не пропуштајте ги важните моменти во вашиот живот“. Исплатата со Paypass функционира исто како и традиционалното плаќање со MasterCard платежните картички, но целиот процес е многу поедноставен и побрз отколку кога се користат готови пари, со што купувањето станува полесно од било кога. Директорот на Дирекцијата за алтернативни канали на дистрибуција и платежни картички во Халкбанк АД Скопје, г. Владо Цветковски изјави:„Трансакциите за кои не е потребна ПИН авторизација или своерачен потпис се лимитирани до 1200 денари. Невозможно е при плаќање некој да ги злоупотреби личните податоци на имателот на картичката.  Дури и клиентот по грешка да ја допре картичката два пати до PayPass терминалот, не може да биде задолжен повеќе од еднаш“. MasterCard PayPass картичката е дизајнирана да обезбеди брз и лесен начин на исплата, со што се подобрува положбата на купувачите при плаќањето. Овој метод го зголемува чувството на безбедност, бидејќи платежната картичка останува под контрола на сопственикот во текот на целата трансакција. Заменикот генерален директор на Халкбанк Турција и Директор за информатички системи и технички услуги, г. Ерол Гонџу изјави: „Веруваме дека овој производ ќе создаде нови начини, како и бизнис вредности и можности на пазарите за микро плаќање, особено во транспортот, на автопатите, при брзото купување на производи за широка потрошувачка и на универзитетските кампуси“. MasterCard PayPass картичката ќе може да се користи на сите продажни места во земјава каде што брзината на плаќање е од големо значење и се поставени PayPass ПОС терминали, како што се: супермаркетите, рестораните за брза храна, бензинските станици, кина, такси превоз итн..

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј