Халкбанк со Промо депозит по повод месецот на штедење
Објавено во: Мои пари 09 Октомври, 2025 16:17
По повод октомври,
месецот на штедењето, Халкбанк АД Скопје ја започна својата традиционална кампања посветена на промовирање на финансиската писменост и
одговорно управување со личните финансии, преку воведување на нов Промо депозит
создаден за да им овозможи на граѓаните поповолни услови за заштеда и
дополнителна сигурност во време на економски предизвици.
Депозитот може да се отвори во сите филијали и експозитури на Халкбанк низ земјата. Минималниот износ на вложување е 30.000 денари или 500 евра, а каматната стапка е фиксна иизнесува 3% за штедење во денари, односно 2% за шедење во евра или долари, а рокот на орочување е 13 месеци. Штедењето во американски долари претставува новитет во понудата на банката, со што клиентите добиваат дополнителна можност за диверзификација на своите заштеди. Клиентите можат да изберат исплата на каматата на крајот на периодот на орочување или месечно, во зависност од своите потреби и планови.
За овој депозит не се дозволува делумно повлекување или дополнителни уплати пред истекот на рокот, што овозможува целосна стабилност и предвидливост на приносот.
„Халкбанк секоја година го одбележува mесецот на штедењето со посебни понуди и иницијативи, со цел да ги охрабриме граѓаните да размислуваат долгорочно и одговорно кон своите финансии. Штедењето не е само индивидуална придобивка, туку и темел на стабилен економски систем. Затоа, секоја година во овој период нудиме дополнителни стимули за штедачите. Преку Промо депозитот им овозможуваме на нашите клиенти сигурен, транспарентен и исплатлив начин да ги зголемат своите заштеди,“ велат од банката.
Со оваа кампања, Халкбанк уште еднаш ја демонстрира својата улога како одговорна и стабилна банка, која се грижи за финансиската благосостојба на своите клиенти и постојано нуди решенија што ги поддржуваат нивните цели и планови.
Халкбанк потсетува
дека штедењето е првиот чекор кон финансиска сигурност и независност, а со внимателно управување со средствата, секој може да го изгради
сопствениот пат кон стабилна иднина.
Можеби ќе ве интересира
Данило Божовиќ од „Макпетрол“ е Балкански карате-шампион
40 кошаркарски табли за 40 години НЛБ Банка – Донација за основните училишта по повод Месецот на штедење
Energy Delivery Solutions Инфо Поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 07 ноември изнесува 124,47 евра за мегават час, на МЕМО 138,01 евра за мегават час
Групацијата Иуте ги објави резултатите за 9 месеци од работењето во 2025 - Позитивен тренд на сите финансиски параметри, стабилен и одржлив развој и подобрена ефикасност во сите сегменти на работењето
Есенски Планови, Есенски Трошоци? Време е за Промо Кредит!
СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: Б.M. ОД СКОПЈЕ ОСВОИ 5.540.729 ДЕНАРИ
Ермис Лафазановски, добитник на наградата „Оливера Николова“: Романот „Џинџуџе“ е потрага по вистината, убавината и добрината
Годишна конференција за здравство: „Моќта на навремената акција за здравствен систем што испорачува“





