19 Декември, 2025
0.0432

ХалкЕко Скопје трча 10км по шестти пат на улиците низ Скопје - Пријави се!

Објавено во: Мои пари 09 Февруари, 2023 09:23

Добивај вести на Viber

Уличната трка која стана неизоставен дел од календарот спортски настани на Скопје, ХалкЕко Скопје трча 10км, оваа година ќе се оддржи на 7 мај со почеток во 9 часот со старт и цел на булевар „Илинден“ кај фонтана „Лотос“. Секоја година бројот на учесници се зголемува, а новитет од оваа година е меѓународниот сертификат со кој се здоби оваа трка од страна на АИМС и Светска Атлетика, и после Виз Ер Скопски маратон ова е втора трка во Македонија со ваков сертификат. Ова значи сите остварени резултати и норми ќе бидат признаени од овие меѓународни институции.

Сојузот на спортови на Скопје е организатор на трката, додека ко-организатори се: А.К. Работнички и СК Софка, главни покровители на трката се  Агенцијата за млади и спорт и Град Скопје, додека главен партнер е Халкбанк АД Скопје.

Официјалното пријавување за ХалкЕко Скопје Трча 10км е отворено и ќе трае до 26 април 2023 година или до пополнување на предвидениот број на учесници. Секој тркач ќе може да се пријави преку веб страната www.skopje.run.

Котизација за учество на трката до 15 март изнесува 900 денари, а до 26 април 1000 денари.

Сите што ќе се пријават до 15 април нивното име ќе биде испечатено на стартниот број.

Натпреварувачите на стартот ќе бидат распоредени во 5 стартни зони, според нивното предвидено време за кое планираат да ја завршат трката. При процесот на регистрација секој ќе треба да го одбере предвиденото таргет време, за да бидат правилно распоредени во стартната зона.

Сите учесници можат како дополнителен продукт да си купат драј-фит маица со логото на трката. Цената на маицата изнесува 500 денари и оваа опција може да ја одберат при процесот на регистрација и истата ќе биде достапна до 5 април, а маицата ќе ја добијат при подигнување на стартниот пакет.

Подетални информации за ХалкЕко Скопје трча 10км може да најдете на веб страната www.skopje.run и на нивните официјални страни на социјалните медиуми:

www.facebook.com/SkopjeRun и www.instagram.com/skopjerun/.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии