16 Декември, 2025
0.0577

Хамас низ тунели го напаѓа Израел, израелската војска одговара со офанзива

Објавено во: Свет 21 Јули, 2014 12:12

Добивај вести на Viber

Повикот на Советот за безбедност на Обединетите нации за прекин на огнот на Блискиот Исток, меѓу Хамас и израелските безбедносни сили, на терен не го регистрира ниту една од двете завојувани страни. Борбите продолжуваат со несмален интензитет, а бројот на жртвите расте. Израелските медиуми јавуваат дека утрово две „терористички“ групи се уфрлиле во јужните делови на Израел во близина на еден кибуц, преку тунел ископан под границата во северниот дел на Појасот Газа. Израелските воздухопловни сили отвориле оган на првата група, веднаш штом била забележана. Втората група која се уфрлила, испукала антитенковска ракета кон изреалско воено возило, а израелските сили пукале при што убиле 10-тина екстремисти. Дополнително е наведено дека има жртви и на израелска страна, но нема информација колку. За тоа време, спасувачите во близина на Кан Јунис на југот на Појасот Газа извлекуваат тела од куќите срамнети со земја во еден од израелските воздушни напади изминатата ноќ. Во урнатините се пронајдени 20 тела, а две лица се пронајдени живи. Израелските тенкови, пак, утрово отвориле оган врз домот на семејството Сијам во Рафа, исто така на југот на Појасот Газа, убивајќи 10 лица, меѓу кои и четири мали деца и едно 9-месечно бебе. Судирите продолжуваат по вчерашниот најкрвав ден од почетокот на офанзивата, во кој за само 24 часа загинаа 13 израелски војници и повеќе од 100 Палестинци. Советот за безбедност на Обединетите нации доцна синоќа изрази голема загриженост за растечкиот број жртви во судирите и побара итен прекин на огнот. Во декларацијата усвоена по повеќе од два часа консултации зад затворени врати, сите 15 членки на Советот за безбедност побараа Израел и палестинското радикално движење Хамас да ја прифатат спогодбата за прекин на огнот, усвоена во ноември 2012 година.  

Можеби ќе ве интересира

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица