Хан и европратениците ја поддржаа Македонија, Унгарците го бранеа Груевски
Објавено во: Македонија 29 Ноември, 2018 06:30
Јоханес Хан, еврокомесарот за проширување на ЕУ и европратениците во Европскиот парламент ја скенираа ситуацијата во Македонија и донесоа првичен позитивен заклучок по прикажаниот извештај за политичката ситуација во земјата.
Им порачаа на македонските политичари да продолжат со реформите, особено во безбедноста и атминистрацијата. Исто така повикаа опозицијата да се вклучи во процесот.
Хан порача дека оптимизмот за Македонија повторно се вратил кај него.
„Од политичка криза, земјата има отворен пат кон ЕУ и НАТО. И се поради тој историски договор од Преспа. Парламентот да продолжи без пречки да ги спроведува реформите и да ги отвориме преговорите кон ЕУ“, изјави Хан.
Најпрво се обрати известувачот од Македонија Иво Вајгл.
„Македонија направи важни реформи, и важни чекори кон ЕУ и НАТО. Прво тука е договорот од Преспа, уставните измени и земјата ја има поддршката да ги продолжи процесите понатаму. Да им се заблагодарам на еврокомесарот Хан и неговиот тим кои се залагаа за Македонија“, рече Вајгл.
Каролина Едштадлер исто така искажа поддршка и очекува спроведување на уште реформи.
„Ги поддржуваме промените кои ги направија, промени кои треба да донесат корист за граѓаните. Македонија има напредок во сите сектори, но Владата мора да работи уште да ги имплементира реформите во безбедноста и администрацијата, и во борбата против корупцијата. Од друга страна, пак, опозицијата останува и натаму ладна. Договорот со Бугарија, а потоа и со Грција покажува дека Владата на Македонија е подготвена да ги острани сите пречки на патот кон ЕУ и НАТО. “, рече Едштадлер.
Романскиот европарламентарец, пак, Виктор Боштинару даде поддршка за евроинграциите, но се осврна и на бегството на Груевски, и побара од унгарските власти веднаш да го вратат во Македонија.
„Давањето Азил на Груевски е голема грешка на Унгарија. Преседан е една земја членка на Европската Унија така да се однесува. Мислам дека европскиот парламент треба веднаш да реагира по ова прашање“, рече Боштинару.
Унгарските европарламентарци од партијата на Орбан, пак, се бранеа дека Унгарија ги почитувала сите процедури во издавањето азил.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




