Хан: Изборите добро да се подготват и спроведат за да нема забелешки
Објавено во: Македонија 14 Октомври, 2016
Eврокомесарот Јоханес Хан денеска од Скопје порача дека оваа посета ја направил за да покаже дека значителниот процес до изборите ЕУ и понатаму будно го следи.
Според него, многу е важно добро да се подготват и реализираат изборите во декември за после никој да нема забелешки.
Тој вели дека изборите се многу важни за за враќање на Македонија на евроатлансткиот пат. Додава дека важни се и итните реформски приоритети од Извештајот на Прибе. Пред политичарите повторно потенцирал дека работата на специјалната обвинителка и нејзиниот тим биде поддржана, а за истото бил уверен дека ќе биде така.
„Важно е да се почитува работата на СЈО и бев уверуван дека тоа ќе продолжи да си ја врши работата непречено“ - изјави Хан.
Работата на специјалната обвинителка, Катица Јанева не треба да се злоупотребува, наведува Хан.
Вели дека напредок има кај медиумите, но сепак тие ќе треба да го дадат својот придонес за непристрасно известување.
Хан дополни дека Македонија и регионот добиле на репутација во справувањето со мигрантската криза и дека земјата треба да го искористи тој моментум за да се врати на европскиот пат.
Тој се сретна со Јанева, премиерот Емил Димитриев, лидерите на 4 - те партии и претставници на граѓански организации.