Хан: Не се потребни избори, туку двотретинско мнозинство во Собранието
Објавено во: Македонија 05 Октомври, 2018 12:30
Еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан смета дека не се потребни предвремени парламентарни избори во Македонија, туку треба да се искористи можноста и да се обезбеди двотретинско мнозинство во Собранието за спроведување на Договорот со Грција.
Во изјава за австрискиот весник „Курир“, Хан вели дека оваа порака веќе му ја пренел на македонскиот премиер Зоран Заев.
- Новите избори ќе бидат само одоговлекување на патот кон почеток на преговорите за пристапување на ПЈРМ во ЕУ, што е планирано за летото наредната година, вели Хан.
Во врска со референдумот, Хан истакнува дека не може да се каже оти бил неуспешен.
- Невооибичаено е на референдум да се добие поддршка од 94 проценти, но да излезат само 36,8 отсто од гласачите, и тоа бидејќи опозицијата очигледно беше успешна во бојкотирањето, истакнува еврокомесарот.
Хан смета дека во Парламентот може да се обезбеди двотретинско мнозинство.
- Потребни се осум или девет гласови од опозицијата и тоа мора да биде остварено. Сите велат дека сакаат членство во ЕУ и НАТО вклучувајќи ја и опозицијата, а тогаш едноставно мора да ја платите цената на ова решение. Станува збор за решение кое е во интерес на земјата, а не на партиите и политичарите. И во таков случај како можат да се обезбедат гласовите? Јас верувам со комбинација меѓу балканското и рационалното, истакнува евокомесарот Јоханес Хан.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




