Хан: Партиите да продолжат да преговараат и да демонстрираат демократска зрелост
Објавено во: Македонија 10 Февруари, 2017 11:56
Eврокомесарот Јоханес Хан денеска кажа дека е потребно дополнително време, но политичките партии треба да демонстрираат демократска зрелост.
Според него, не се работи за брзина на донесување на одлуката, туку за квалитетот на одлуката.
Хан ова го изјави денеска на свеченото примопредавање на 31 теренско возило, донација од ЕУ за Граничната полиција.
„Партиите треба да продолжат да преговараат и да демонстрираат демократска зрелост, треба да понудат одлична програма базирана на Договорот од Пржино и посветеност на европската перспектива. И ако ова биде случај, јас сум убеден во иднината на земјата“– изјави Хан.
За тоа дали во разговорите со него, партиите вчера покажале демократска зрелост, Хан не одговори, но рече дека тој е секогаш оптимист.
Тој во обраќањето на свеченоста, ја спомна и средбата што утрово ја имаше со претседателот на државата, Ѓорге Иванов.
Тој рече дека претседателот го замолил „Европската Унија да направи повеќе за неговата земја и да има повеќе настани како што е денешниот, посветен на донацијата на возилата од ЕУ.
Хан вчера се сретна со сите лидери на партии кои освоија мандати на изборите на 11 декември.
Можеби ќе ве интересира
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје




