Хан порача: Изборите се само почеток
Објавено во: Македонија 13 Октомври, 2016
„Договорот постигнат минатото лето од страна на сите главни политички партии и поставување на датумот на изборите за овој декември е добар чекор. Сепак, ова е само почеток: важно е условите на веродостојни избори да се целосно исполнети и граѓаните да можат слободно да учествуваат на нив“, соопшти денеска Јоханес Хан, првиот човек за проширување на Унијата, кој утре треба да пристигне во Македонија.
Хан во Македонија ќе се сретне со сите главни политички соговорници, вклучувајќи го и специјалниот обвинител и претставници на граѓанското општество. Тој вели дека на разговорите, исто така, ќе инсистира да се забрза
имплементацијата на Итните реформски приоритети во законот.
- Сето ова е клучно за земјата да направи одржлив напредок на својот пат кон Европската унија. А, исто така, со нетрпение очекуваме да слушнам од Специјалниот обвинител за тоа како нејзината работа напредува и за предизвиците со кои таа се соочува, смета Хан.