Хан: Прво демократски трансфер на власта, па спроведување на договорените реформи!
Објавено во: Македонија 17 Март, 2017 18:57
Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан вели дека воспоставувањето на заеднички пазар на Западен Балкан „е вистинско средство“ за надминување на тензиите во регионот.
Тој во интервју за Deutche Welle, посочува дека Берлинскиот процес на соработка на западнобалканската „шесторка“ е копирање на основачката идеја на Европската унија(ЕУ) дека со интензивирање на соработката ќе се смират тензиите, при тоа додавајќи дека во Европа единствено на Балканот „мирот не е стопроцентно воспоставен“.
Во однос на Македонија комесарот апелира на демократско предавање на власта и спореведување на договорените реформи.
Тој зборува за за обврските на новата влада и шансите, доколку се исполни ветеното, да се забрза процесот на интеграцијата во Европската Унија.
Хан во вторник доаѓа во земјава,а во интервјуто го осудува мешањето на албанскиот премиер Еди Рама како контрапродуктивно и ја обвинува Русија дека „додава масло на огнот“ во нестабилната состојба во регионот.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




