ХАН: Работата на СЈО е важна за натамошно зајакнување на владеење на правото
Објавено во: Македонија 14 Октомври, 2016
Имавме добра средба со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева која ме информираше за нејзината работа и предизвици со кои се соочува, пишува на социјалната мрежа Твитер еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан.
Тој порачува дека работата на Специјалното јавно обвинителство како институција е многу важна за натамошно зајакнување на владеење на правото и побара од сите лидери со кои што до моментов оствари средби да ја почитуваат и поддржуваат работата на Јанева.
Во кратката изјава за медиумите, специјалната обвинителка Јанева потенцираше дека на средбата со еврокомесарот не станало збор за укинување на СЈО како институција.
Како што пишувавме Хан оствари средби со премиерот Емил Димитриев, граѓански претставници, како и со двајцата лидери од партиите од албанскиот блок.
Останува Хан да се сретне уште со двајцата лидери опоненти, Никола Груевски и Зоран Заев.