Хан за „Стандард“: Нови избори не се решение, ВМРО-ДПМНЕ да не им се заканува на пратениците
Објавено во: Македонија 09 Октомври, 2018 09:33
Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, во интервју за австриски „Стандард“ вели дека е запознаен со закани од страна на опозицијата против пратеници кои сакаат да ја напуштат партиската линија и да го поддржат Договорот со Грција во Собранието. Тој од ВМРО ДПМНЕ побара да се откаже од, како што вели, деструктивниот пристап, и интересите на земјата и граѓаните да ги стави пред партиските. Додава дека партијата целосно ќе ја сноси одговорноста за затворањето на вратите на ЕУ за Македонија, ако не помине Договорот.
-Ова е целосно неприфатливо за партија која вели дека е про-европска, демократска партија, изјавил Хан.
Тој потсетува дека евроатлантската интеграција е декларирана цел на ВМРО ДПМНЕ, но дека партијата тоа треба да го докаже на дело и дека Договорот со Грција ги отвора токму вратите за интеграција во ЕУ и НАТО.
За еврокомесарот референдумот бил чисто консултативен и огромно мнозинство од граѓаните се изјасниле „ЗА“.
- Повиците за бојкот сведочат за недостаток од демократската зрелост, рече еврокомесарот.
Јоханес Хан смета дека предвремени избори носат ризик од пробивање на поставените рокови за Договорот за името и вели дека се сомнева дали Грција ќе биде во можност да го усвои во својот Парламент. Тој додава и дека нови избори не се гаранција за потребното двотретинско мнозинство.
- Сега постои шанса што треба да се искористи, во спротивно оваа единствена шанса да помине Договорот и со тоа патот кон членство во ЕУ може да се изгуби за долго време, можеби засекогаш, изјави Хан.
Тој додава дека ВМРО ќе биде целосно одговорно за таквото сценарио и пропуштената шанса што е важна не само за Македонија, туку и за целиот регион.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




