Хари Костов, Адора на Чифлиганец и други акционери контра Народна банка: Поднесоа иницијатива до Уставен суд за дивидендите
Објавено во: Економија 12 Март, 2021
Хари Костов, Главниот извршен директор на Комерцијална банка, и адвокатот Игор Спировски, поранешен судија во Уставниот суд на Република Северна Македонија, заедно со поголем број акционери на Комерцијална банка, меѓу кои се Адора инженеринг, ИГМ Трејд, Гранит, Промедика, Макпетрол, Македонијатурист, ЗСФ ком, Раде Кончар ТЕП, Раде Кончар Сервис, Раде Кончар Апаратна техника, Смелтинг, Езимит вино ДОО Штип и поголем број физички лица-акционери на Банката денеска до Уставниот суд поднесоа иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за привремено ограничување на распределбата и исплатата на дивиденда на акционерите на банките, донесена од Советот на Народната банка на Република Северна Македонија на 26 февруари 2021 година.
Од Комерцијална банка соопштуваат дека подносителите на иницијативата сметаат дека оспорената Одлука е донесена од страна на Советот на Народната банка без законско овластување за донесување одлука со таква содржина, односно дека таа не е во согласност со член 47, став 1, точка 25 од Законот за НБРМ.
„Имено, овој член од Законот јасно го овластува Советот на Народната банка да “врши други задачи УТВРДЕНИ СО ОВОЈ ЗАКОН“. Советот на Народната банка не е слободен самиот да си ги одредува задачите што ќе ги врши, туку може да ги врши само оние задачи за кои има изрично овластување утврдено со Закон. Во ниту една одредба од Законот за Народната банка не е утврдено овластување на Советот со свој акт да пропише ограничување на распределбата и исплатата на дивидендата на акционерите на банките, независно од целите што Советот на НБМ сакал да ги постигне. Со донесувањето на оспорената Одлука, подносителите на иницијативата сметаат дека Советот ги пречекорил своите овластувања и надлежности утврдени со закон и дека таквата одлука во правната теорија и судската пракса се смета за ништовна, стои во соопштението.
Подносителите на иницијативата, исто така, сметаат дека Одлуката не е во согласност со темелните вредности на Уставниот поредок од член 8 - владеење на правото, правна заштита на сопственоста, слобода на пазарот и претприемништвото.
„Врз основа на овие аргументи, подносителите на иницијативата предлагаат Уставниот суд да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на оспорената Одлука, а потоа истата да ја поништи. Исто така, предлагаат Уставниот суд да донесе решение за запирање на извршувањето на поединечните акти и дејствија преземени врз основа на оспорената Одлука до конечното одлучување по предметот, објаснуваат подносителите.
Хари Костов докупи 500 акции во Комерцијална банка.
А.Т.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.