23 Јуни, 2024
0.0293

ХАСАНИ ОД „ВРЕДИ“: Со гласањето во Ларце го добивме 14-тиот пратеник

Објавено во: Македонија 22 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

Коалицијата „Вреди“ по денешното прегласување во изборното место 2101 во селото Ларце, Општина Желино oбјави дека има добиено уште еден пратеник во шестата изборна единица.

Претставникот на коалицијата Башким Хасани изјави дека тие добиле речиси 500 гласови од вкупно 993 граѓани со право на глас.

„Кога се гласа без притисоци, без кражби и без многу манипулации резултатот е тој што денес и го имаме. Со овој резултат го добиваме во случајот и 14-тиот пратеник. И покрај сите притисоци, на началници на полиција, на инспектори и на моменти кога се нудеа пари за да се гласа. Ние овие случаи од утре сите ќе ги пријавиме и ќе инсистираме на нивна одговорност. Коалицијата „Вреди“ има близу 500 гласови, а Европскиот фронт 48 гласови“, изјави Башким Хасани.

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски ги соопшти резултатите од прегласувањето на седум гласачки места.

Европски фронт 4 мандати, коалиција Вреди 1 мандат во 5 изборна единица

Во шестата изборна единица коалицијата Европски фронт освои 8 мандати , коалиција ВЛЕН 8 мандати, соопшти Даштевски и додаде дека течат роковите за жалба.

Можеби ќе ве интересира

СЕМЕЈСТВО ЗАГЛАВЕНО ВО ПОПЛАВЕНА КУЌА: екипи од Тетово испратени да ги спасат

СЕМЕЈСТВО ЗАГЛАВЕНО ВО ПОПЛАВЕНА КУЌА: екипи од Тетово испратени да ги спасат

Поради обилни врнежи сообраќајот од Велес и од Куманово кон Скопје се пренасочува од Хиподром кон обиколницата

Поради обилни врнежи сообраќајот од Велес и од Куманово кон Скопје се пренасочува од Хиподром кон обиколницата

ОДРОНИ И КАЛ НА АВТОПАТОТ КАЈ ТЕТОВО: од невремето карпи паднаа на улицата и направија проблеми во сообраќајот (ВИДЕО)

ОДРОНИ И КАЛ НА АВТОПАТОТ КАЈ ТЕТОВО: од невремето карпи паднаа на улицата и направија проблеми во сообраќајот (ВИДЕО)

ВЕТРОТ ОТКОРНА ЖЕЛЕЗЕН МОСТ: оштетени возила кои поминувале под мостот (ФОТО)

ВЕТРОТ ОТКОРНА ЖЕЛЕЗЕН МОСТ: оштетени возила кои поминувале под мостот (ФОТО)

ПОПЛАВЕНИ УЛИЦИТЕ НИЗ СКОПЈЕ - проодноста отежната, возачите бараат алтернативни решенија (ФОТО)

ПОПЛАВЕНИ УЛИЦИТЕ НИЗ СКОПЈЕ - проодноста отежната, возачите бараат алтернативни решенија (ФОТО)

НЕВРЕМЕТО ПРИСТИГНА И ВО СКОПЈЕ: силен дожд, проследен со грмотевици и град (ВИДЕО)

НЕВРЕМЕТО ПРИСТИГНА И ВО СКОПЈЕ: силен дожд, проследен со грмотевици и град (ВИДЕО)

Замина Исуф Кадриу, заменик главен одговорен уредник на телевизијата АЛСАТ

Замина Исуф Кадриу, заменик главен одговорен уредник на телевизијата АЛСАТ

„Македонија не смее да остане на опашката во евро интеграциите“: Муцунски вели „ќе работиме макотрпно“

„Македонија не смее да остане на опашката во евро интеграциите“: Муцунски вели „ќе работиме макотрпно“

ЕВН ЌЕ ЈА ИСКЛУЧУВА СТРУЈАТА ВО ТЕТОВО УЛИЦА ПО УЛИЦА: по барањата на пожарникарите

ЕВН ЌЕ ЈА ИСКЛУЧУВА СТРУЈАТА ВО ТЕТОВО УЛИЦА ПО УЛИЦА: по барањата на пожарникарите