ХАСАНИ СЕ ВРАТИЛ НА РАБОТА: Заменик министерот во оставка во операциона сала
Објавено во: Македонија 13 Септември, 2021
Заменик министерот за здравство во оставка Илир Хасани денеска објави фотографија со коментар дека се вратил на работа. Тој на 10 септември поднесе оставка од функцијата, заменик на министерот Венко Филипче, два дена откако изгоре модуларната болница во Тетово и загинаа 14 луѓе.
При поднесувањето на оставката Хасани напиша дека го прави тоа како највисок морален чин.
„И покрај фактор дека немам никаква врска со процедурите за модуларната болница, иако немам никаква врска ниту со организацијата на работата внатре во модуларната болница, мојата оставка е најмал чин кој што можам да го направам во овие тешки моменти, за да ги почитувам жртвите, повредените и новните семејства, рече Хасани.
Тој е субспецијалист трауматолог.