18 Декември, 2025
0.2536

ХЕЛИКОПТЕРИТЕ ОД „ЛЕОНАРДО“ ЌЕ ГАСАТ ПОЖАРИ: Мисајловски вели дека набавката е при крај

Објавено во: Македонија 04 Август, 2025 13:46

Добивај вести на Viber

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во одговор на новинарски прашања рече дека набавката на хеликоптерите од италијанскиот производител „Леонардо“ е во тек, во моментов се работи на отстранување на правни предизвици.

-Набавката е во тек, знаете дека претходната влада ја има потпишано таа набавка, има многу правни предизвици. Во овој момент се исплати втората рата од 70 милиони евра. Ние со адвокатска компанија работиме секојдневно за отстранување на секој еден предизвик што го имаме, рече Мисајловски.

По поставување камен темелник на нова спортска сала во Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“, тој посочи дека хеликоптерите ќе имаат можност да дејствуваат на сите видови пожари и има опрема што дополнително се става на овие хеликоптери.

-Набрзо очекуваме да имаме работна посета на Италија, каде што ќе видиме на место што се е направено и транспарентно ќе објасниме до каде е целата постапка, вели Мисајловски. 

Договорот за набавка на нови осум транспортни хеликоптери од италијанскиот производител „Леонардо“ за потребите на Армијата, вреден 249,5 милиони евра, беше потпишан од претходната влада лани во март.


Можеби ќе ве интересира

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми