Хелсиншки Комитет и ЛГБТ заедницата бараат осуда за насилствата
Објавено во: Мои пари 23 Јуни, 2013 19:00
Во заедничко соопштение Хелсиншки Комитет за човекови права на Република Македонија, „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“ , ЛГБТ Јунајтед го осудуваaт насилството, хулиганското дивеење и демолирањето на ЛГБТ центарот во „Стара Чаршија“ и говорот на омраза кој поттикнува на насилство и дискриминација.
„Што побрзо да се пронајдат сторителите на синоќешниот вандализам во кој беше повреден еден полицаец, при каменувањето на ЛГБТ центарот“, апелираат од Хелсиншкиот комитет за човекови права.
Овој случај е посериозен и треба да се третира посебно од претходните инциденти. Но досега никој од надлежните органи на власта не излегол да го осуди овој настан, додаваат од Хелсиншки.
Јас од тие причини прашувам дали и Владата на РМ им праќа експлицитна порака на сторителите дека можат да поминат со ова дело, па дури и да го повторат“, изјави Уранија Пировска од Хелсиншки комитет.
Од Хелсиншки се надеваат дека видео материјалот од надзорните камери во ЛГБТ канцеларијата, кои ќе бидат предадени утре на полицијата, ќе овозможат да се откријат насилниците кои ги нападнаа присутните на отворањето на „Неделата на гордост“.
„Овој настан фактички го отсликува она што е реалност во нашето општество. Ние не се бориме против хомофобијата. Не може само невладиниот сектор да ги реши проблемите со стереотипите, предрасудите и непочитувањето на правата на различните. Општеството едноставно не сака да се справи со хомофобијата, која за жал се почесто генерира насилство. Да не зборувам дека овој инцидент воедно се третира како инцидент сторен од омраза.“велат од Хелсиншкиот комитет.
Правата на ЛГБТ заедницата во земјава се почитуваат само 13 % според последниот извештај на европската организација ИЛГА, која своите мерења ги утврдува врз основа на националната легислатива и политиката на човекови права.
Го повикуваат и премиерот и претседателот на Македонија да го осудат ваквото насилство, затоа што ЛГБТИ луѓето се граѓани на Република Македонија и истите треба да бидат почитувани и заштитени како и сите останати граѓани на оваа држава.
Барање за осуда на насилството упатуваат и до лидерите на политичките партии, и од лидерите на верските заедници.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





