18 Мај, 2024
0.0282

Хемиски средства го уништуваат пчеларството – се произведува мед со сомнителен состав

Објавено во: Агробизнис 14 Декември, 2013

Добивај вести на Viber

„Годинава речиси и да нема мед“, се жали производител на органски мед од Источна Македонија. Ако и до година биде исто, вели дека планира да се откаже од оваа дејност. Производството на мед во Македонија не е на посакуваното ниво и нема доволно количини за задоволување на основните потреби, беше посочено и на денешниот научен собир на Факултетот за земјоделски науки и храна. Експертите велат дека се потфрла и во квалитетот, а за да не се случи тоа пчеларството треба да се земе во предвид многу сериозно. „Пчеларството е сериозен бизнис од кој може добро да се живее. Во Македонија има сериозни производители на кои пчеларството им е семеен бизнис. Тие треба да бидат пример за сите што сакаат да се занимаваат со оваа дејност“, истакна деканот на земјоделскиот факултет, Драги Димитроевски. Вели дека македонските пчелари ги почувствуваа последиците од глобалното интензивно користење хемиски средства за заштита на растенијата, но и за превенција од болестите на пчелите. Поради контаминираниот нектар и полен и алтернативна прихрана, како и интензивното лечење на пчелите, расте можноста за добивање пчелни производи во кои има  недозволени хемиски средства, вели деканот. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, пак посочи дека има потреба од подобрување на состојбата во пчеларството кај нас. „ Проблемите во пчеларството се, пред се, од техничка природа и релативно лесно ќе се надминат. Заболувањето на пчелите е инцидентно, ветеринарните служби редовно вршат контроли што наидува на недоразбирања и несогласувања кај пчелраите, но и тоа ќе се надмине,“ смета Димовски. Како проблем го посочи продавањето сомнителен мед на одредени патни правци, а укажа на потребата од подобра соработка меѓу пчеларите и производителите на земјоделски култури во однос на навременото известување за третирањето со пестициди. Лани за пчеларство се исплатени 85 милиони денари субвенции. Годинава за пчелари со најмалку 35 пчелни семејства, се предредвидени по 600 денари за пчелно семејство , или за 30% повеќе при органското производство. Над 200 пчелари и производители на мед беа дел од советувањето на Факултетот за земјоделство во Скопје.

Можеби ќе ве интересира

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?