„ХЕМОКУЛТУРАТА КАЈ ПОЧИНАТОТО БЕБЕ Е ПОЗИТИВНА, ИНФЕКЦИЈА ОД БАКТЕРИЈА“: Професор Софијанова со детали за новороденчето од Прилеп
Објавено во: Македонија 13 Ноември, 2023
Прилепската
болница денеска ќе биде под лупа од Државниот санитарен и здравствен
инспекторат откако вчера почина новороднчето кое беше родено кон крајот на
октомври токму во родилиштето во Општата Болница –Прилеп.
Иако е родено со АПГАР 10, највисоката оценка по раѓањето, бебето почина во тешка состојба на Клиниката за детски болести во Скопје. Детално за тоа во каква состојба е донесено и евентуално која е причината за смртта, за Фктор објаснува проф. Д-р Аапсазија Софијанова, специјалист неонатолог.
-Хемокултурата од бебето е позитивна, тоа значи дека станува збор за инфекција, а предизвикувач е бактерија. Од прилепската болница е префрлено кај нас, односно на Клиникава за детски болести каде што се направени сите анализи и е постојано третирано со терапија. Кај него дојде и до откажување на бибрезите и по една недела од приемот бебето почина. Ваква рана инфекција, сепса кај новороденче настанува најчесто или поради интерхоспитални бактерии или поради инфекција која евентуално би ја имала мајката. Тоа допрва треба да се испита, вели проф. Софијанова за Фактор.
Освен тоа, проф. Софијанова појаснува дека секое жолтило кај одредено новороденче воопшто не мора да значи дека станува збор за неонатална жолтица, како што впрочем и било објаснето на мајката, па бебето било подложено на „сончање“ со лампи.
-Жолтилото на кожата кај новороденчињата не е секогаш потврда за неонатална жолтица. Треба внимателно да се следи. Токму одредден инфект може да даде жолтеникава боја на бебешката кожа, појаснува проф. Софијанова.
За овој случај прва проговори мајката во нејзина објава на Фејсбук во која првенствено ја обвинува прилепската болница заради лошата хигиена во родилиштето, како и негрижата на медицинскиот кадар, што според неа е клучно за развој на сепса кај новороденчето.
„Кога отидов во болницата да прашам кој ќе ја сноси одговорноста за моето дете, излегоа докторката и сестрата која била на смена таа вечер кои без никаков срам, одговорот им беше, “Се чудиме и ние“, (Бидејќи во здравството сите се чудат и немаат одговор за никакви нивни грешки. За смртта на моето дете вие СЕ ЧУДИТЕ?? Моето дете водеше битка за животот која му беше нанесена“.
Анита Буховски
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.