ХИДРОСИСТЕМОТ ЃАВАТО ТРИ-ЧЕТИРИ ГОДИНИ НЕ ФУНКЦИОНИРА: Мицкоски вели дека вработените апелирале до претходната влада, но не добивале одговор
Објавено во: Македонија 22 Август, 2025 12:17
Имало апели до претходната влада дека хидросистемот Ѓавато не функционира последните три-четири години, но немало никаква реакција од државата, рече премиерот Христијан Мицкоски, кој беше на увид на состојбата на хидросистемот.
„Добро е што излеговме да видиме лично што се случува и да можеме од лице место да направиме дијагностика по која потоа ќе постапиме. Детектирани се места каде што имаме пукнати цевки, кои треба водата да ја донесат до базенот, од каде со други пумпи, водата ќе биде однесена до Дојранското езеро. Што значи дека се трошат ресурси за систем кој што 3-4 години функционира со расипан цевковод. Благодарение на општествено одговорна компанија, се пристапи кон санирање на овие цевководи и очекувам да бидат санирани во наредните неколку дена, со што ќе се зголеми огромен капацитет на вода која ќе доаѓа до резервоарот, која потоа ќе биде пренасочена кон езерото. Станува забор за две бунарски потопни пумпи. Капацитетот е 10, другите 8 не работат. Овие две имаат капацитет од 100 литри во секунда секоја, иако вкупниот капацитет е еден кубик, односно 1.000 литри во секунда. Планираме во најкраток рок да оспособиме најмалку 4, а потоа дополнителни две, со што ќе биде исцрпен капацитетот за да во најскоро време, езерото го добие оној изглед кој заслужува да го добие“, рече Мицкоски.
На следната седница, владата ќе ја задолжи фабриката за опрема и делови на РЕК Битола да санира уште две цевки, за да се зголеми капацитетот на вода.
На следната владина седница ќе донесеме одлука, фабриката за опрема и делови во склоп на РЕК Битола, две да демонтира, да санира, па да ги монтира. Добив информација дека тоа би се случило во рок од 10 дена. Инженери дојдоа да го скенираат просторот и тука практично во догледно време ќе бидат инсталирани соларни панели, бидејќи сметките се околу 2,5 милиони евра годишно. Со инсталирањето, сметките драматично ќе се намалат, а средствата кои ќе се заштедуваат, ќе се користат за одржување на цевководот и хидросистемот Ѓавато, а со тоа ќе се овозможи и поголем достап на земјоделците до водата, за наводнување. Пристапуваме кон санирање и тој во најскоро време ќе биде целосно оперативен и функционален. Системската негрижа со години наназад, три-четири години, и покрај тоа што вработените од хидросистемот апелирале до претходната влада, не наоѓале на одговор од страна на надлежните“, додаде Мицкоски.
Можеби ќе ве интересира
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми




