05 Декември, 2025
0.0315

Хипотеките се активирани, на „РИМЕС“ му нема спас?!

Објавено во: Агробизнис 21 Јуни, 2014 08:44

Добивај вести на Viber

Доверителите се откажаа од спас на компанијата за месна индустрија “Римес”. Извори за Фактор од кругот на доверителите велат дека долговите на компанијата се премногу големи за некој да се одлучи да ја купи. Вкупниот долг што компанијата го има е околу 12 милиони евра, од кои околу 6 милиони евра се по основ на кредит од Комерцијална банка. Еден од доверителите на компанијата кој не сакаше јавно да зборува, за Фактор изјави дека банката веќе ги активирала хипотеките. Во круговите на бизнисмените од месната индустрија недоамна се шпекулираше дека “Римес” ќе почне со работа од почетокот на следниот месец, односно дека некој од доверителите одлучил да ја купи. Но на неодамнешниот состанок доверителите дошле до поинаква одлука . - Ние имавме состанок на кој ги разгледувавме долговите, но 12 милиони евра е премногу за некој од нас да се нафати да ја купи компанијата. Што ќе биде понатаму, како ќе постапи банката откако ги активираше хипотеките и дали воопшто ќе почне со работа компанијата, засега не може да се каже. Банката си има рокови и процедури кои траат околу половина година, вели за Фактор еден од доверителите на “Римес”. “Римес” стави клуч на продавниците и на производствениот погон на почетокот на месецов поради финансиски проблеми и неликвидно работење. Компанијата  важи за една од поголемите фирми во месната индустрија и преработката на месни производи, и покрива од 5 до 10%  од пазарот со месни преарботки. Во Скопје има 14 продавници и производствен погон. Во компанијата работеа околу 300 луѓе. Упатените во овој бизнис коментираат дека пропаѓањето на ваквите големи компании од месната индустрија негативно би се одразило на пазарот, бидејќи ќе се појави недостиг, кој што би се пополнил со увозни месни производи, што би значело директен удар врз домашното производство. Ј.С. АНАЛИЗА: Месната индустрија тоне, што после „РИМЕС“?

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?