16 Декември, 2025
0.0303

Хирурзи си заминуваат среде операција во Загреб, не им се плаќа прекувремено

Објавено во: Балкан 22 Јануари, 2014 20:59

Добивај вести на Viber

Хрватската јавност е шокирана по информациите дека во последните неколку недели хирурзите си заминуваа среде оперативен зафат, а работата му ја препуштаат на колега на кого тукушто му почнува смената. Хирурзите кои ги прекинуваат операциите тврдат дека прекувремените работни часови не им се плаќаат, па затоа никој не може да ги натера да оперираат подолго. Тврдат дека животот на пациентите не е загрозен, затоа што друг лекар веднаш ја презема операцијата. Сепак оваа „епидемија“ за заминување од оперативен зафат создава хаос во болниците во Загреб, каде што шефовите на хируршките одделенија губат контрола. Во некои болници во Загреб, за операција се чекаа по 500 дена, а за преглед дури и по 700 дена. Во моментов речиси половина милион луѓе во Хрватска чекаат да бидат примени за преглед или интервенција, а состојбата секојдневно се влошува. Лекарите, од своја страна, велат дека се револтирани од однесувањето на Министерството за здравство кое нема слух да им го реши проблемот со прекувремените работни часови.  

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството