ХОБИТО МУ СТАНА БИЗНИС: Почнал бизнис „Сакам луто“
Објавено во: Агробизнис, Финансии 18 Јули, 2016 11:08
Почнал бизнис „Сакам луто“ и лани произвел 6 тони пиперки, а оваа година очекува 15 тони.
Горан Врабец од загорско Јаковље пред четири години иако бил сопственик на фирма за видео и аудио опрема, купил семе од чили пиперки и ја замолил мајка му да ги засади во стакленик. Резултатите биле фантастични и хобито му станало бизнис. Оваа година очекува 15 тони, а има и награди за својата работа. Во Лос Анџелес е прогласен за вицепрвак во категоријата Ултра хот.
„ И јас се изненадив од успехот на проектот „Сакам луто“. Не знаев дека во Загорје растат тие егзотични пиперки. Кога првпат ги набравме, направив вкрстување и добив десет сорти. Направив пресметка на хартија, им кажав на родителите и решивме сериозно да почнеме со бизнис. Ми дадоа пластеник и почнавме со 500 садници“ - раскажува Врабец.
Вели дека се рекламирале на Фејсбук и добиле многу фанови, а оваа година очекува да заработи над милион куни. За овој бизнис се ангажирани шест луѓе, а секоја година површините се зголемуваат. Во 2014 година направил исчекор со тоа што засадил 5000 садници.
Врабец објаснува дека има и други произведувачи на чили пиперки, но тој не се плаши од конкуренција затоа што има добар производ.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





