Холандија се извини за убиствата во Сребреница
Објавено во: Балкан 25 Јуни, 2015 19:11
Холандија за прв пат им се извини на роднините на загинатите муслимани во масакрот во Сребреница пренесоа агенциите.
Соопштението за официјалното извинување дошло од Министерството за одбрана на земјата.
Блиските роднини на тројцата мажи кои беа принудени да го напуштат холандскиот камп на ОН, освоија долга правна битка во Амстердам во 2013 година. Според роднините животите на Мухамед Нухановиќ, таткото на Ибро и Ризо Мустафиќ можеле да бидат спасени.
Мухамед работел како преведувач на холандскиот контингент на ОН, а Мустафиќ бил електричар во него. Во масакрот во Сребреница во 1995 година околу 8.000 мажи и момчиња биле убиени од војниците на босанските Срби, предводени од Радко Младиќ.
„Државата жали дека Мустафиќ и двајцата мажи Нухановиќ морало да го напуштат кампот“, се вели во текстот од министерството, и се додава дека ова е прв пат, некоја држава да прати извинување за смртни случаи во Сребреница.
Претходно холандската влада најави дека ќе исплати отштета на семејствата на загинатите мажи во износ од 20 000 евра.
Околу 2.000 холандски војници служеле како мировници во Босна.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




