17 Декември, 2025
0.0469

ХОРОР ВО БУГАРИЈА: Се самозапали уште еден човек!

Објавено во: Балкан 04 Ноември, 2014 19:27

Добивај вести на Viber

Маж на возраст од 48 години се самозапали денеска во бугарскиот град Сандански. Ова е втор случај на самозапалување во оваа земја во последните два дена. Вчера на истиот чекор се одлучи 38-годишна фоторепортерка во Софија. Мажот се самозапалил во двор на црква во Сандански, а неговата состојба е критична. Тој бил многу сиромашен и се хранел во црковната кујна, благодарение на доброволни прилози, но нема повеќе детали за мотивите што го натерале на ваков чекор. Осум лица починаа во Бугарија од февруари 2013 до јануари 2014 година како последица на самозапалување, а како главни причини за ваков чин се наведувале сиромаштија или протест против корупцијата во политиката. Состојбата на 38-годишната фоторепортерка Лидија Петрова, која се самозапали пред зградата на Претседателството во Софија вчера, исто така останува критична. Таа е во болница со длабоки изгореници на повеќе од 90% од телото. Нејзиното семејство верува дека на ваквиот чекор била принудена или дека паднала под влијание на некоја секта. ОЧАЈ ИЛИ ЛУДОСТ: Што ја натера младата фоторепортерка да се самозапали во Софија?

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата