18 Декември, 2025
0.0474

ХОРОР ВО ФРАНЦИЈА! Автомобилот влетал во толпа народ! Има мртви и повредени! (ВИДЕО)

Објавено во: Свет 30 Август, 2025 17:22

Добивај вести на Viber

Автомобил се удрил во група луѓе во северна Франција, при што загинал еден маж, а петмина биле повредени. Според обвинителството, во раните утрински часови во саботата, по расправија во вински бар, возачот „намерно се движел наназад во толпа луѓе“ во центарот на Евро со голема брзина.

Маж на возраст од триесет години починал на самото место. Двајца мажи, на возраст од 31 и 52 години, се здобиле со тешки повреди и се хоспитализирани во критична состојба.

Уште двајца пешаци, на возраст од 34 и 58 години, исто така се пренесени во болница, но во малку постабилна состојба. Една 50-годишна жена е полесно повредена.

Според локалниот обвинител Реми Кутин, околу 4 часот наутро „лицето отишло да го земе возилото“, а потоа „намерно се удрило наназад во толпата пред ресторанот со голема брзина“.


Реакција на властите

- Избувнал конфликт, следела врева, а потоа возилото удрило во неколку лица. Ситуацијата сега е смирена. Истрагата е во тек со цел да се утврдат точните околности на оваа трагедија - рече градоначалникот на Евро, Гај Лефран.

- Сакам да изразам најдлабоко сочувство и солидарност со семејствата на жртвите и нивните роднини. Исто така, го поздравувам брзиот одговор на полицијата и службите за итни случаи кои веднаш го обезбедија местото и им пружија помош на повредените - додаде тој.


Истрага и апсење

Полицијата го исклучи тероризмот како мотив. Обвинителството во Евро соопшти дека менаџерот на винскиот бар „Винари“ на авенијата „Винстон Черчил“ одлучил да го затвори барот откако избувнала тепачка меѓу неколку лица во близина.

Кога десетици луѓе биле на улицата, неидентификувано лице влегло во автомобил и се упатило наназад кон барот со голема брзина.

Полицијата уапси една жена и двајца мажи. Против нив е покрената истрага за кривично дело убиство и обид за убиство.

Фото: Принтскрин/Икс

Можеби ќе ве интересира

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“