11 Декември, 2025
0.0350

ХОРОР ВО ХРВАТСКА - во семеен двор пронајдени телата на две новороденчиња

Објавено во: Балкан 03 Декември, 2024 19:23

Добивај вести на Viber

Пронајдени се телата на две новороденчиња закопани во смејниот дом во општина Љубешчица, Хрватска. Како што јавуваат тамошните медиуми голем број припадници на полицијата и другите служби учествуваа во ископувањето во потрага по телото на новороденче. Иако првично се трагало само по едно тело, во ископувањето било откриено и второ тело.

Како што неофицијално пренесуват тамошните медиуми, кај мештаните имало сомнеж дека нешто чудно се случува најмногу поради третото дете за кое забележале дека е неухрането. Наводно станува збор за доселеници во општината, а телото на доенчето било пронајдено во дворот од нивната семејна куќа.

Според неофицијални информации, родителите се приведени. Третото дете е згрижено и е безбедно.

Родителите на две новородени бебиња, чии тела беа пронајдени закопани во дворот на семејната куќа во Љубљ Калнички кај Вараждин, времето го поминаа во притвор, каде ја читаа Библијата.

Тие не зборуваат и не се молат.

Некои медиуми јавуваат дека родителите најверојатно биле членови на секта, но тоа не е потврдено.

Таткото е од Сплит, роден 1982 година, а мајката од Загреб и немаат исто презиме, пренесува Јутарњи повикувајќи се на извори блиски до истрагата.

Брачниот пар во четириесеттите години не е регистриран на подрачјето на општината каде што живее.

Градоначалникот на Љубешчица, Ненад Хорватиќ, веќе за медиумите изјави дека не знаат за нив во градот и дека неодамна се вселиле.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Вучиќ ќе се враќа на премиерското столче? „Немам намера да менувам Устав, но...“

Вучиќ ќе се враќа на премиерското столче? „Немам намера да менувам Устав, но...“

Нафтената компанија од Абу Даби со понудата за купување на рускиот удел во НИС

Нафтената компанија од Абу Даби со понудата за купување на рускиот удел во НИС

ПОВТОРНО БЛОКАДА ВО ГРЦИЈА: Еве кој период ќе бидат затворени граничните премини

ПОВТОРНО БЛОКАДА ВО ГРЦИЈА: Еве кој период ќе бидат затворени граничните премини

Албанија ќе отвори уште 20 прифатни центри за мигранти

Албанија ќе отвори уште 20 прифатни центри за мигранти

АВИОН ИЗЛЕТА ОД ПИСТАТА ВО ИСТАНБУЛ - патниците се безбедни, но пистата останува затворена (ВИДЕО)

АВИОН ИЗЛЕТА ОД ПИСТАТА ВО ИСТАНБУЛ - патниците се безбедни, но пистата останува затворена (ВИДЕО)

ХАОС НА КРИТ И НИЗ ЦЕЛА ГРЦИЈА: Земјоделците блокираат аеродроми, патишта и пристаништа, еден полицаец е повреден

ХАОС НА КРИТ И НИЗ ЦЕЛА ГРЦИЈА: Земјоделците блокираат аеродроми, патишта и пристаништа, еден полицаец е повреден

„ДУРИ 51 МЕСТО ВО СРБИЈА НЕМААТ АЛТЕРНАТИВА“: Хандановиќ за бензинските пумпи на НИС

„ДУРИ 51 МЕСТО ВО СРБИЈА НЕМААТ АЛТЕРНАТИВА“: Хандановиќ за бензинските пумпи на НИС

(ВИДЕО) Лудиот план на Кина на Балканот: Пробивање канал низ Србија и Македонија

(ВИДЕО) Лудиот план на Кина на Балканот: Пробивање канал низ Србија и Македонија

Планирате да одите во Грција, но се мислите поради блокадите: Еве како да стигнете до таму без пречки!

Планирате да одите во Грција, но се мислите поради блокадите: Еве како да стигнете до таму без пречки!