Хотел „Фламинго“ казино - Гевгелија трета година по ред домаќин на крводарителска акција
Објавено во: Мои пари 24 Февруари, 2023 11:49
Во просториите на Хотел „Фламинго“ казино- Гевгелија се одржа третата по ред крводарителска акција. Со гордост може да констатираме дека оваа наша хуманитарна активност прераснува во благородна традиција која е широко прифатена од заедницата.
Својата хуманост на дело ја покажаа вработените во Хотел „Фламинго“ казино, како и останати граѓани крводарители, при што беа собрани вкупно 79 крвни единици.
„Со оваа хумана акција уште еднаш покажуваме дека сме компанија која што е општествено одговорна и секогаш се обидуваме да вратиме кон заедницата во која деловно опстојуваме. Се надеваме со нашиот скромен придонес ќе помогнеме некому кому му е тоа најпотребно,“ изјави по повод крводарителската акција, Елена Минева од Хотел „Фламинго“ казино Гевгелија.

Вчерашната крводарителска акција, како и во претходните години, е организирана и реализирана, во соработка со Црвениот крст Гевгелија.
Првата крводарителска акција Хотел „Фламинго“ казино-Гевгелија се одржа во ноември 2020 година како продолжение на серијата хуманитарно - донаторски активности кои Групацијата Новоматик Македонија и Апекс Македонија ги реализираше во тој период.
Групацијата Новоматик ја манифестираше својата општествена одговорности во екот на Ковид-19 пандемијата. Токму Хотел „Фламинго“ казино- Гевгелија со одлука на менаџментот беше отстапен на здравствените власти за карантин. Продолжуваме и понатаму посветено преку различни хуманитарни, донаторски активности и покровителски акции да градиме партнерство со заедницата и да придонесуваме во општествениот развој.
ПР Објава
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




