29 Септември, 2024
0.0291

Хотел Руссиа е спој на спортскиот дух, деловната комуникација и позитивната енергија

Објавено во: Економија 19 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Хотелот Руссиа е модерен, удобен  и луксузен хотел со европски стил и квалитетна услуга, каде ќе ги сплотите пријателствата, збогатите деловните контакти и споделите своите искуства. Тој е дизајнерски хотел со 4 ѕвезди во кој што доаѓа до фантастичен спој на модерното и традиционалното. Живееме во средина која ги почитува обете вредности и традиционалното и модерното така што Хотел Руссиа многу лесно и убаво се вклопи и беше прифатен од сите наши досегашни домашни и странски посетители и гости, вели во интервју за Фактор Виолета Анѓелковска, директор на Хотел Руссиа. Г-ѓа Анѓелковска, знаеме дека оваа ваша функција е доста поразлична од она што досега сте го работеле. Како се пронаоѓате и како изгледа животот на една современа жена менаџер? DSC_0172Секоја работа носи свој предизвик за успех. Специфичноста на хотелската дејност е тоа што бара 24 часовна ангажираност, посветеност и лојаност за да се излезе во пресрет на гостите и да се одговори на нивните барања. Препознатливиот бренд на хотелот, високиот квалитет на услуга се дополнителна сатисфакција за успешното менаџирањето на хотелот. Знаеме дека македонската жена е спој на традиционална балканска жена. Сепак ние секојдневно ги следиме трендовските случувања во светот. Одоговорностите помеѓу жена домаќинка, жена мајка и жена менаџер со големи одговорности е пакет во кој што треба да се направи комплетен баланс за жената да биде успешна на секое поле. Една од алатките за мојот успех е постигнување на задоволство кај вработените, кој продуцира давање на квалитетни услуги за гостите. Секој задоволен поглед и желба за повторна посета на хотелот Руссиа е наш заеднички успех. Сето ова е спој на градење на пријателски однос кон вработените со посебен степен на авторитет. Успешноста на поставување на баланс пoмеѓу сите дневни активности е клуч за успех на една жена. Хотел Руссиа е? Хотелот Руссиа е модерен, удобен  и луксузен хотел со европски стил и квалитетна услуга, каде ќе ги сплотите пријателствата, збогатите деловните контакти и споделите своите искуства. Тој е дизајнерски хотел со 4 ѕвезди во кој што доаѓа до фантастичен спој на модерното и традиционалното. Живееме во средина која ги почитува обете вредности и традиционалното и модерното така што Хотел Руссиа многу лесно и убаво се вклопи и беше прифатен од сите наши досегашни домашни и странски посетители и гости. Целта за посетата на Меѓународниот саем за туризам е тоа што самиот хотел располага со многу содржини и многумина сеуште не се запознаени со нивните убавини, капацитети и услуги и конечно имавме можност истите да ги претставиме на вистински начин. Хотел Руссиа за прв пат учествуваше на меѓународниот саем за туризам, што значи учеството на овој саем за Хотел Руссиа и кои се вашите импресиите од овој саем? На наше огромно задоволство ја имавме можноста нашиот хотел да го претставиме во најдобро светло и на сите заинтересирани да им ги доловиме убавините со кои што нашите содржини располагаат. Хотел Руссиа освои награда за најдобар штанд и надобар промотор на 5. меѓународен Саем за туризам. Оваа награда за нас претставува дополнителен поттик за уште поголемо домашно позиционирање и меѓународно етаблирање, во насока на воспоставување на контакти со нови деловни партнери, негување на постојните бизнис релации со клиентите и партнерите. Кои содржини ги претстави Хотел Руссиа на овој саем? DSC_0137Нашиот хотел е единствен хотел на Балканот кој е спој на хотелски комплес и спортско рекреативен центар. Гостите во хотелот покрај услугите на хотелот можат да го користат спа центарот, фитнес и аеробик центарот да ги посетат тениските игралишта и да уживаат во прекрасната кафетерија која се наоѓа покрај самите терени. Русииа наскоро ќе се збогати со уште една нова содржина, а тоа е Руф барот. Во рамките на хотелскиот комплекс се наоѓа Спа центарот Ане Семонин , местото каде телото и духот се спојуваат во взаемна хармонија, каде тивкиот амбиент Ви нуди мир и релаксација и го опушта телото по напорниот ден. Различните светолосни ефекти и ароми овозможуваат прекрасно и единствено доживување. Спа центарот нуди широк спектар на третмани, ексклузивни пакети и аранжмани за претстојните месеци, за комплетно уживање и потполна релаксација. Во убава атмосфера, уредена минималистички и дискретно осветелна, корисниците на спа центарот во Хотел Руссиа можат да поминат пријатни моменти на релаксација и да сторат нешто повеќе за своето здравје. Ресторанот изобилува со најразлични специјалитети со интернационална, европска и традиционална Македонска кујна со врвен и докажан квалитет. Како менаџер на хотелот чест ми е да истакнам дека хотелскиот комплекс е единствен каде се спојуваат, спортскиот дух, деловната комуникација и млад дух со позитивна енергија.      

Можеби ќе ве интересира

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија