Хотелиерите очекуваат најмалку уште една тура ваучери
Објавено во: Економија 15 Јуни, 2021
Хотелиерите се надеваат дека оваа година ќе има најмалку уште една тура ваучери за туризам, затоа што сметаат дека само оние ваучери кои засега се најавени се мала помош за нив. Бараат од Владата да ја преиспита одлуката и да го зголеми бројот на ваучери. Велат дека имаат многу давачки, а плус се погодени од пандемијата.
Од Хотелиерската асоцијација на Македонија објаснуваат дека лани ваучерите имаа вредност од 100 евра, а сега тие изнесуваат 200 евра, но ваучери ќе добијат само 1.250 граѓани со ниски примања.
„Лани искористеноста беше околу 66 отсто. Се надеваме дека оваа година ќе се доделат ваучери во повеќе наврати и дека ќе има што поголема искористеност. Доколку се слеат милион евра по пат на ваучери, ќе биде добро за хотелите“, вели Крсте Блажески, претседател на ХОТАМ.
Хотелиерите се надеваат дека сезоната максимално ќе се искористи и дека ќе имаат туристи.
„Сега се доделуваат вкупно 1.250 ваучери, а лани ние имавме скоро 900 гости со ваучери. Ваучерите се важни за луѓето кои немаат можност да заминат на одмор, а за нас е важно да имаме гости, без разлика дали ќе бидат со ваучери, дали ќе даваме плаќање на рати и слично. Сезоната е кратка и треба да се искористи“, додаваат од хотел „Полин“ од Дојран.
Јавниот повик за доделување на ваучери ќе трае до 30 месецот и дотогаш сите граѓани кои имаат приходи пониски од 30.000 денари ќе може да се пријават и да ги искористат ваучерите најдоцна до 30 ноември годинава. Оваа мерка е со цел да им овозможи на семејствата со ниски приходи, да го искористат правото на годишен одмор и истовремено, да им се даде поддршка на хотелиерите и угостителите да работат со исполнети капацитети.
За да се аплицира потребни се повеќе документи. Апликантите треба да достават: пополнет образец за барање, потврда од работодавецот за висината на исплатена плата, извод од банка за последните три месеци и за членовите на потесното семејство доколку се вработени или добиваат пензија, извод на матична книга на родените и ред други документи. Од граѓаните имаше поплаки дека процесот за аплицирање е сложен, но надлежните соопштија дека не можат доделат ваучери без процедура.
Сања Атанасовскаfoto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.