26 Април, 2024
0.0278

HP со нови можности за печатење за бизнис корисниците

Објавено во: Мои пари 13 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

HP (Hewlett-Packard) денес објави дека го проширува своето портфолио со нови производи за печатење и скенирање со цел да помогне на малите и средни компании да ја подобрат ефикасноста во работењето и да ги намалат трошоците, истовремено задржувајќи го квалитетот. Со новите решенија се опфатени следните модели: • HP LaserJetPro MFP M521 кој нуди можности за печатење, скенирање, копирање и факс комуникација, со што им помага на корисниците да ја валоризираат сопствената инвестицијата за печатач, преку добивање на повеќе функции со еден уред; • Новиот уред од бизнис класата, HP LaserJetEnterprise M725 нуди по ниска цена сигурно печатење на голем број на копии и дава можности за скенирање; • HP ScanjetPro 3000 s2 Sheet-feedScanner е дизајниран за мали и средни претпријатија кои имаат потреба од мал обем на печатење и скенер кој е лесен за употреба; • HP OfficejetPro 200 серија која нуди професионално и сигурно печатење, како и до 50 проценти помали трошоци по страна во однос на другите ласерски печатачи(1); • Новата wide-format опција за печатење со HP Officejet 7610 Wide Formate-All-in-One им овозможува на корисниците печатење на флаери и брошури по ниски цени; и • Додатокот HP ExstreamDeliveryManager кој нуди сигурна дигитална дистрибуција и можност за електронска комуникација помеѓу клиентите. “Организациите континуирано бараат нови начини за зголемување на продуктивноста во работната сфера без да го надминат сопствениот буџетот“ вели ПрадепЏотвани (PradeepJotwani), Постар заменик Претседател во LaserJetandEnterpriseSolutions во HP(Hewlett-Packard). “Новите технологии на HP (Hewlett-Packard) за печатење, вклучително и новиот софтвер ги поттикнуваат деловните клиентите да изградат поврзан, виртуелен работен простор со поголеми заштеди од кога и да било претходно.“   Уредите за за печатење и скенирање ја подобруваат ефикасноста во работната средина во малите и средни претпријатија За малите и средни претпријатија кои имаат потреба од ефикасно управување со сопствените печатачи и буџет, HP (Hewlett-Packard)воведува шест нови уреди кои можат лесно да бидат интегрирани во рамки на постојните ИТ решенија. Нудејќи водечка брзина за печатење и капацитет на магацинот за хартија(2) во овој сегмент, HP LaserJetPro MFP M521 нуди можности за печатење, скенирање, копирање и факс комуникација, со цел квалитет и ефикасност во водењето бизнис. Користејќи го контролниот панел со екран во боја кој е осетлив на допир (touchscreen), корисниците на HP LaserJetProMFP 521’s можат лесно да внесат содржина од апликацијата HP Connected(3) и да одредат функција за извршување директно од уредот. Скенерот кој има двојна глава за читање овозможува полесно процесирање на површините и скенирање со директно зачувување податоци на платформата облак (Cloud) – способности кои обезбедуваат лесна достапност до основните документи. За поединечните работните групи во претпријатијата, HP LaserJetEnterprise M725 нуди сигурно печатење на голем број копии и скенирање по ниска цена. При уредување и дигитално испраќање на документи, корисниците ќе може да ги поедностават работните процеси користејќи го вградениот 8-инчен екран во боја кој е осетлив на допир (touchscreen). HP LaserJetEnterprise M725 е сеопфатен и може лесно да се управува од страна на одговорните лица за ИТ преку централизиран начин на печатење и брзи сигурносни решенија. HP OfficejetPro 251dw и HP OfficejetPro 276dw MFP овозможуваат професионално печатење со намалени трошоци до 50 проценти по страна во однос на другите ласерски печатачи(1). За реализација на работните задачи, корисниците можат да пристапат до опциите на уредите и апликациите за поголема заштеда на време директно преку екранот осетлив на допир (touchscreen). Печатачите исто така ја нудат и можноста како што е Web Jetadmin која претходно беше достапен само во HP LaserJet моделите. За компаниите кои бараат поевтини и поисплатливи решенија и сакаат да печатат wideformat на сопствен печатач, HP Officejet 7610 Wide Format е одлично решение кое нуди можности за печатење, скенирање, копирање и факс комуникација за различни видови формати, со помал трошок во однос на печатењето во специјализирани печатници(4). Печатачот им овозможува на корисниците печатење на документи со високо квалитетна боја, како на пример флаери и брошури во разни димензии, од 3×5 инча до 13×19 инча. Овие уреди се управуваат и одржуваат лесно, преку употреба на вградените софтверски решенија: HP UniversalPrintDrivers, HP Managed PrintServices и HP Web Jetadmin. Исто така, корисниците можат да печатат директно на принтерот, буквално од било каде, преку повеќе уреди и локации употребувајќи ги HP ePrint(5), AirPrint и DirectPrint. Конечно, HP ScanjetPro 3000 s2 Sheet-feedScanner е дизајниран за мали и средни претпријатија кои имаат потреба од уред кој е лесен за управување и скенер со мал отисок (footprint). HP ScanjetPro 3000 го прави скенирањето брзо и едноставно, со можност за двострано скенирање при еднократно инсертирање на документот.   Корисниците ги добиваат сите видови на електронски комуникации. За компаниите кои сакаат да обезбедат комуникации преку повеќе канали, како што се услугите за плаќање сметки или извештаи од кредитни картички, HP (Hewlett-Packard)денес ги претставува новите подобрувања на HP ExstreamDeliveryManager кој ќе ви даде гаранција дека содржината е примена од страна на крајниот корисник. Во случај кога корисникот нема да ја добие електронската порака, HP ExstreamDeliveryManager автоматски праќа преку секундарен канал (на пример СМС) неограничен број пораки се додека корисникот не ја прими истата. Покрај оваа можност, новата интеграција со интерактивната маркетинг компанија ExactTarget им овозможува на компаниите да ги следат електронските комуникации и да добиваат податоци за пораките кои биле прочитани, непрочитани, проследени, избришани или пак примени во фолдерите за несакана пошта (spam). Дополнителни информации за новите HP (Hewlett-Packard)уреди за скенирање и печатење, како и за новите софтверски решенија достапни се на: www.hp.com/go/mfp   За HP (Hewlett-Packard) HP (Hewlett-Packard) создава нови можности со кои технологијата има влијание на луѓето, компаниите, институциите и општествата. Како најголема светска технолошка компанија, портфолиото на HP (Hewlett-Packard) опфаќа печатари, персонални компјутери, софтвер, услуги и ИТ инфраструктура со кои ги решаваме проблемите нашите корисници. Повеќе информации за нашата компанија (NYSE: HPQ) се достапни на http://www.hp.com   (1) Цена по страна (CPP) базирана на поголем број MFP ласерски печатачи во боја<500 € како и за ласерски печатачи во боја <€300 без калкулирано ДДВ, од Септември 2012. За повеќе информации погледнете: www.hp.com/eu/officejet. OJ Pro ISO yield со кертриџи со најголем капацитет врз основа на континуирано печатење; погледнете: www.hp.com/go/learnaboutsupplies (2) Брзината на печатењето се мери со ISO/IEC 24734 и не го вклучува првиот сет на тест-печатени документи. За повеќе информации погледнете: hp.com/go/printerclaims. Точната брзина на печатење варира во зависност од конфигурацијата на системот, софтверската апликација, управувачкиот софтвер и комплексноста на документот. Брзината на печатење на првата страна варира во зависност од конфигурацијата на системот, софтверската апликација, управувачкиот софтвер и комплексноста на документот, компјутерската мрежата, ширината и големината на документот. (3) На печатачот му е потребна интернет конекција. За користење на услугите можна е потреба од регистрација. Достапноста на апликациите варира од земја во земја, јазик и склучените договори. За детали, погледнете: www.hpconnected.com. (4) Врз основа на цената за маркетинг материјали отпечатени на сериите HP ColourLaserJet CP2020/CM2320 и модели од семејството HP OfficejetPro, споредени со просечната цената во специјализирана печатница за печатење и до 2.500 страни. Фактичките резултати може да варираат. Извор: InfoTrendsCostofPrintStudies, Јуни 2011 година; за повеќе детали погледнете: www.hp.com/go/printcosts. (5) Потребна е интернет конекција до HP web-enabled печатачот и HP ePrint регистрација на корисникот (листата на прифатливи печатачи, поддржани документи и видови на слики, како и други детали за HP ePrint погледнете на: www.hpconnected.com). За функционирање на преносните уреди потребна е интернет конекција и способност за дистрибуција на електронска пошта. Можно е да има и техничка потреба од пристап до безжична интернет точка (wirelessaccesspoint). Одделно добиените планирани податоци или надомест за користење може да бидат соодветно употребени. Времетраењето на печатење и брзината на конекцијата може да варираат. Некои HP LaserJet печатачи може да техничка потреба од надградба на управувачкиот софтвер.

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“