Храброста ги урна бариерите – корупцијата падна на најниско ниво
Објавено во: Мои пари 03 Јуни, 2025 11:00
Неверојатна пресвртница покажуваат најновите статистички податоци за корупцијата во земјава – падната е на најниско можно ниво во последниве 10 години. По повеќегодишна долга и упорна борба и соочување со системски проблеми, еден од најголемите општествени непријатели е искоренет од сите пори на општеството. Нула проценти корупција!
Веста ја изненади и возбуди јавноста, која со неверување и љубопитност ја следи оваа трансформација. Сега, љубопитноста, толку карактеристична за македонскиот менталитет, се искачи на највисоко ниво – секој втор граѓанин се прашува на што се должи оваа промена.

Повеќе од кога било, граѓаните бараат одговори: Кој собра храброст да каже „НЕ“ на уцените, митото, перењето пари и сите други облици на корупција? Кој и како го промени нашиот менталитет и поттикна да се крене гласот и урне ѕидовите на молчењето?
Во меѓувреме, независно од сѐ, ова е момент на гордост, но и на очигледна активирана свест за решителна акција за градење на општество кое вистински го заслужуваме, општество каде правдата, транспарентноста и чесноста ќе бидат темелите на секој наш ден.* содржината на овој текст е фиктивна, но може да влијаеме таа да стане реалност, од нас зависи!
ПР објава
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore
ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија
„Finance Talks by EOS“: Дигитализацијата ќе поткине развој на нови услуги базирани на потребите на корисниците
ШТЕФАН ПАВЛИЊЕК ВО „БИЗНИС-КЛУБ ПЛУС“: „НАШАТА ЦЕЛ Е ДА ГИ ЗАДРЖИМЕ КЛИЕНТИТЕ, А ВО ИСТО ВРЕМЕ ДА СОЗДАВАМЕ НОВИ ПРОИЗВОДИ“
Во сабота се отвора најголемиот шопинг - центар на југот – Гевгелија Мол
КАСКО осигурување - Целосна заштита пред зимската сезона
Еко иницијативата на Иуте “Растеме заедно” со ново поглавје Го шириме зеленото срце на градот
„Како новиот систем за управување со отпад ќе го подобри секојдневниот живот“




