26 Јуни, 2024
0.0277

ХРАБРОСТА НА ТИГРИТЕ И УРГЕНТНОСТА НА ДИРЕКТОРОТ НА ЦУК БЕА КЛУЧНИ - мајката раскажува како четири лица биле спасени во Кожле

Објавено во: Македонија 26 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

Од опуштена викенд прошетка до велешко Кожле да се види атрактивниот „Стојков мост“ до пеколно искуство и неколку часовно извлекување по полноќ. 

Александра Спировска, искусен планинар, која ги искачил сите врвови во земјава, за Канал 5 ја раскажува драматичната вечер која таа со својот 7 годишен син и двајца пријатели ја поминале синоќа покрај реката Пчиња.

Природата знае да биде немилосрдна, стравот бил присутен вели таа, но прибраноста била клучна за безбедноста. Прво се соочиле со бујна вегетација кој им оставила траги, а со секој чекор планинските маркери се повеќе исчезнувале од пред нивните очи додека не стигнале до карпеста провалија, заробени во сите правци.

-По неколку часа одење сфативме дека не е тоа патот, се движевме многу полека, затоа што со нас беше и мојот 7 годишен син. Едно време наидовме на една провалија, немаше лево, немаше десно, немаше горе, само имаше надолу, опција да се вратиме назад не беше затоа што да се вратиш по вертикална карпа нагоре, треба да гребеш со раце и со нозе, Згора на се ако си симнувал надоле 4 часа значи нагоре ќе треба да одиш 8. Кога се симнавме долу на чистината, тука веќе ги поминавме најтешките саати, беше веќе ноќ, беше ладно, детето заспа кај мене во прегратка и си спиеше неколку часа.

Тука започнала комуникацијата со ЦУК и операцијата за извлекување, хеликоптер не бил опција, па неколку часовното спасување се одвивало со чамец. Храброста на тигрите и ургентноста директорот на ЦУК - Ангелов, вели Спировска беа од клучно значење.

-Стигна чамецот, крајно професионално си ја извршија задачата, секоја им чест, елеци за спасување ни дадоа, не облекоа во топла облека, ни дадоа вода, во чамецот имаше многу вода, заедно ја истуривме им асистиравме, влеговме во чамецот, безбедно не префрлија за една минута на другата страна од реката Пчиња и тука не заврши авантурата, туку имаше уште еден час качување, пак планински предел за да стигнеме до нашето возило. Детето, еден од тигрите го носеше на ушка, бескрајно сум и благодарна, бидејќи беше преморен и му се спиеше. Стојанче Ангелов исто така со нас пешачеше до горе.

Ангелов вели дека задачата пред нив воопшто не била лесна, со бројни препреки и напори сепак успеале да стигнат до четирите лица.

-Се работи за исклучително стрмно место, затоа што местото на кое што се спуштивме за да бидеме спротивно од лицата кои што беа заглавени е многу стрмно би рекол повеќе од 70 степени, со гршушки со трња, исклучтелно тешко пробивање. Спасувачите со гумениот чамец се обидуваа да дојдат но имаа многу препреки, на неколку места морале да скокаат во водата за да успеат со чамецот да ги совладаат препреките.

Запалка, мобилен со полна батерија, рачно ноже и да се оди со водич и да се следат обележаните планински патеки се најбитните работи кога се оди на планински места, вели Ангелов, а и тој и Спировска се едногласно дека ГПС не треба да се користи на такви места, оти дополнително може да ја искомплицира работата. Најдобро е да се застане на безбедно и да се чекаат екипите за извлекување.

Можеби ќе ве интересира

„Железничката пругата треба да помине среде Крива Паланка и треба да се рушат десетици или стотици куќи“: Николовски бара обвинител да ги истражи деталите

„Железничката пругата треба да помине среде Крива Паланка и треба да се рушат десетици или стотици куќи“: Николовски бара обвинител да ги истражи деталите

К.К ОД СТРУМИЦА ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 7.360.166 ДЕНАРИ

К.К ОД СТРУМИЦА ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 7.360.166 ДЕНАРИ

ИЗЕТ МЕЏИТИ ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ГРУБИ: Ќе биде прв вицепремиер

ИЗЕТ МЕЏИТИ ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ГРУБИ: Ќе биде прв вицепремиер

СПАСЕНА ЕКИПАТА НА ИТНАТА ПОМОШ: четирите лица заглавени во лифт во Кисела Вода се извлечени

СПАСЕНА ЕКИПАТА НА ИТНАТА ПОМОШ: четирите лица заглавени во лифт во Кисела Вода се извлечени

Пеева Лауренчиќ: На СДСМ во моментов не му помага маркетинг, туку соочување сами со себе

Пеева Лауренчиќ: На СДСМ во моментов не му помага маркетинг, туку соочување сами со себе

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала