27 Април, 2024
0.0245

Храна која убива и ни кажува за тоа!

Објавено во: Анализа 21 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Само во изминативе дваесет години светската популација порасна за две милијарди нови жители. До 2025 вкупно светот ќе има неверојатни осум милијарди жители. Секое утро овие осум милијарди луѓе се прашуваат што ќе јадат тој ден. Некои од што имаат премногу, а некои од што имаат премалку избор. Светот е во секојдневна трка да ги задоволи потребите на луѓето за храна. Освен оние кои се во крајната фаза на сангејзинг и се хранат со сонцето (искрено не знаеме колку ги има) не сме чуле за луѓе што нашле начин како да преживуваат без да се хранат. Знаејќи дека пазарот е огромен не треба да не чуди за огромната и понекогаш непринципиелна борба која на пазарот за храна ја водат милиони компании ширум светот. Во изминативе денови на ова поле имавме две интересни афери, едната во Европа за коњското месо и другата регионална, за квалитетот на млекото. Бидејќи веруваме дека ова е тема што не засега сите решивме да посветиме малку време на анализирање на овие теми од еден поинаков агол. Аферата со коњското месо Започнуваме со аферата која нас толку многу не не погоди бидејќи географски е далеку. Аферата за коњското месо, после лудите крави е најсилниот удар за прехрабената индустрија во Европа. Што е основниот проблем? Начинот на кој вестите од Европа беа пласирани делуваа дека коњското месо е нешто што е многу опасно по здравјето на луѓето. Сепак, треба да знаеме дека во минатото коњското месо бил исклучително корисен извор за протеини на нашите претци, тоа е месо кое нема многу маснотии и има мек и благ вкус. Ние не сме го пробале, од причина поради која веројатно и сите кои го читаат текстов го немаат пробано, а тоа е дека со текот на времето луѓето се поврзале со коњите и ги чувствувале како нивни миленици и како животни кои им помагаат во завршувањето на земјоделските работи. На тој начин овие животни станале дел од културата и конзумирањето на коњско месо било генерално исфрлено од овие краишта. Од друга страна, во Кина годишно одат во кланица 1,7 милиони коњи за производство на коњско месо. Коњското месо во Европа велат дека е три пати поефтино од останатите меса. И тука доаѓаме до поентата на овој дел. Главниот проблем е што некои луѓе се дрзнале да лажат и да даваат неточни податоци дека во прозводите кои се продаваат има коњско месо. Потрошувачите се диретно манипулирани од производителите за составот на тоа што го јадат. Таквата постапка е недозволива и преставува најнизок вид на злоупотреба на потрошувачите и нивната доверба. Последните истражувања покажаа дека 25% од испитанците во Британија јадат помалку млеко, додека високи 65% не им веруваат на декларациите на производите. Европа мора да воспостави ред и да ја врати довербата и пред се, да го врати основното право на секој потрошувач – а тоа е секој да знае каков производ купува. Канцерогено млеко во продавниците Во меѓувреме на Балканот бевме, и сме сведоци на млечна афера која започна со тоа што беа најдени недозволени супстанци кај неколку Хрватски и Српски производители. Очекувано се крена паника, сепак млекото и млечните производи се составен дел од нашата исхрана и и те како на сите ни значи да бидеме сигурни дека тоа што го јадеме ги исполнува минималните стандарди за квалитет. Но, што е со другата храна која се продава по рафтовите на продавниците? Што е со храната која легално се продава, бидејќи е дозволена не само кај нас туку и секаде по светот? Колку внимание посвтуваме на она што го конзумираме? Дали одвојуваме неколку минути да ги прочитаме декларациите на одредени производи? На последното купување во маркетите решивме да потрошиме малку повеќе време чиатјќи декларации. Не сме експерти за храна, но сепак декларациите излегоа супер интересно четиво кое ни отвори многу прашања на  кои се надеваме дека во иднина ќе им биде обрнувано многу повеќе внимание, пред се од потрошувачите, а потоа и од останатите. Да почнеме со ред... Дали знаете колку има производи кои содржат големи количини растителни масти во нив? Растителното масло за разлика од природните е исклучително неквалитетно по вашето здравје. Цената на растителните кашкавали споредено со останатите е значително помала, а се продаваат едни покрај други. Дали конечно треба ваквите производи да се одделат? Можеби би било добро да се направи истражување со цел да дознаеме колкави количини палмино масло се увезуваат кај нас и за што се се користи истото. Интересно имформациите за (не)квалитетот на производот стојат на самата декларација, но се чини дека и самите производители знаат дека нив никој не ги чита. Дали би било подобро кога производите кои содржат голем процент на растителни масла би биле одделени од останатите? Познато ни е дека путерот е квалитетен производ и дека треба да содржи висок процент на млечни масти. Сепак кога ги читаме декларациите може да забележиме огромни разлики во овој процент. Како е можно некои путери да имаат рок на траење и по 18 месеци, кога е потребно основно знаење дека квалитетен млечен производ не може да има рок на траење поголем од неколку месеци. Се што има огромни рокови не е природно (во еден документарен филм од САД, за да се илустрира ова за кое што зборуваме беше покажан хамбургер стар неколку месеци кој изгледа скоро исто како да бил купен вчера. Производителите користат вештачки материи кои го овозможуваат тоа). Но дали НИЕ внимаваме на ова? Павлака, уште еден млечен производ. Велат дека по стандардите на минатата држава минималниот процент на масленост бил 22%. Ние забележавме многу производи со масленост од 2%. И тоа никој не не лаже, така си пишува во декларацијата. Делува дека се задоволни и потрошувачите и производителите, но дали навистина ќарот е обостран. И за крај, на одење забележавме газирани сокови од 2 литри за 15 денари. Понатамошен коментар не е потребен. Што со дебелината? Доколку имате време погледнете го феноменланиот документарец на HBO:  Тежината на нацијата. Истражувањата според нив покажуваат дека луѓето годишно се дебелеат непотребни 2-5 килограми од нездрава храна. Помалите трошоци за храна денеска, може да ви предизвикаат поголеми трошоци за болница во иднина. Нездравата храна не убива полека и никогаш до крај. Секој од нас треба да биде посвесен за тоа што го внесува во себе... Постојат отрови во храната што не ги знаеме и отрови што ги знаеме, тука се пред нас, напишани на самите производи. Се надеваме дека државата преку нејзините механизми ќе си ја заврши работата и ќе не штити од за нас скриените отрови. Но, од овие другите можеме да си се штитиме сами. Се што треба е малку повеќе да читаме, декларациите на производите ако ништо повеќе. Д.М.