16 Декември, 2025
0.1424

ХРАНАТА ЌЕ ПОСКАПУВА: По топлотните, ќе имаме и ценовни шокови

Објавено во: Македонија 25 Август, 2021 06:51

Добивај вести на Viber

Во следните години ќе имаме поскапување на храната поради климатските промени кои донесоа топлотни шокови и суши.

Земјоделците и агрономите велат дека веќе има намалено производство кај повеќето култури, но има и повисоки цени на производите. Овошјето и зеленчукот се поскапени.  Очекуваат дека во иднина овој процес ќе биде поизразен. Земјоделците ќе мора почесто да ги наводнуваат нивите и почесто да прскаат.

„Веќе се чувствува влијанието на климатските промени и производството е намалено. Зголемени се цените на доматите, пиперките, краставиците. Овие сорти не можат да ги издржат тие температурни шокови. Земјоделците ќе мора повеќе да наводнуваат, и не е само тоа, туку се развиваат многу штетници на тие температури, и ќе треба поголема заштита, повеќе хемија. За да опстанат земјоделците ќе мора да се преориентираат на нови сорти, било да се тоа градинарски култури, или ако се работи за овоштарство, да се обидат со доцни сорти со кои ќе се избегнат пролетните мразеви“, вели Борче Јанев од претседател на Здружението на земјоделци Проагро фармери од Струмица.

Ристо Велков од Синдикатот на земјоделците од струмичкиот регион објаснува дека на земјоделците им треба едукација за ефектите од  климатските промени. Смета дека од Министерството за земјоделство треба да се ангажираат и да организираат едукација на оваа тема.

„Климатските промени имаат многу големо влијание, и погодени се градинарските култури. Треба да се внимава и за заштитата на растенијата, да се погодат температурите кога таа ќе се изврши за да има ефект“, рече Велков.

Агрономот Весна Севдинска објаснува дека во Малешевијата овошните дрвца имаат помал род од порано.

„Намалено е производството на сливи, јаболка, компири во Берово затоа што климатските промени си го направија своето“, вели таа.

Што се однесува до температурите, во јули во Македонија беа измерени 44 степени. Во иднина се очекуваат повеќе суши, топлотни бранови, почести пожари и поплави.

Сања Атанасовска

foto unsplash.com

Можеби ќе ве интересира

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“