Храната никогаш не била поскапа и се чини дека тоа ќе трае: Некои работи сепак поевтинија
Објавено во: Економија 05 Септември, 2025 16:56
Цените на храната останаа на највисоко ниво за нешто повеќе од две години во август, при што растителните масла се значително поскапи, а млекото и млечните производи поевтини, објави денеска Агенцијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО).
Цените на растителното масло се зголемија за 1,4 проценти во август во споредба со јули и беа највисоки од пролетта 2022 година. Цените на сончогледовото масло се зголемија поради намалената понуда од регионот на Црното Море и Европа, а на палминото масло откако Индонезија објави дека има намера да го зголеми својот удел во биодизелот, со дополнителен поттик од силната побарувачка за увоз.
Цените на месото, исто така, значително се зголемија во август, за 0,7 проценти, со највисоки цени откако ФАО почна да објавува податоци. Говедското месо поскапе поради побарувачката во САД и Кина, а овчото месо под влијание на пренасочувањето на испораките од Океанија кон профитабилните пазари на Велика Британија и САД.
Млекото и млечните производи поевтинија за 1,3 проценти во однос на јули, при што побарувачката на клучните азиски увозници за путер, сирење и полномасно млеко во прав е послаба.
Цените на житарките се намалија за 0,8 проценти, со изобилство на залихи на пченица и намалена побарувачка, особено од големите купувачи во Азија и Северна Африка. Обилната жетва во Европската Унија и Русија, исто така, влијаеше врз цените.
Цените на пченката се зголемија трет месец по ред, првенствено поради негативното влијание на топлотните бранови во ЕУ врз земјоделските култури и зголемената побарувачка од производителите на храна за животни и етанол, особено во Соединетите Американски Држави. Во споредба со август минатата година, житарките беа поевтини за 4,1 процент.
Цените на шеќерот се зголемија за 0,3 проценти во август во споредба со јули поради загриженоста за жетвата на шеќерна трска во Бразил и зголемената побарувачка, особено во Кина. Значително зголемување на цените беше попречено од поволните перспективи за земјоделските култури во Тајланд и Индија.
foto freepik.com
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?
Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното
ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката





