26 Ноември, 2024
0.0279

Христијан Мицкоски: Протести в среда пред Регулаторна

Објавено во: Македонија 07 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, в среда најави протести пред Регулаторната комисија за енергетика поради поскапувањето на електричната енергија од август. Тој рече дека незадоволство ќе биде изразено и против задолжувањето и како што вели тој, неможноста на власта да се справи со економските последици од кроона-кризата. Маршот ќе тргне од Министерството за правда во 11 часот, а ќе заврши пред РКЕ, затоа што, како што вели Мицкоски, сметките за поскапа струја не оштетуваат сите.

„Државата влегува во должничко сценарио и влегуваме веќе во рецесија. Имаме богата влада, но сиромашен народ. Потрошија една милијарда евра, а резултатите се нагативни. Денес имаме историски најлош пад на БДП кој го немаше ниту во времето на конфликтот. Таа милијарда се стави в џеб и мафијата купуваше гласови, рече Мицкоски.

И уште нешто, да нема изговор од Владата и мафијата на Заев дека пари во буџетот нема. Пари има, ама тие не одат кај народот. Пари има затоа што потрошија 1 милијарда евра на поткуп, трошат над 8 милиони евра за возила, трошат за колачи и тендери за вафли додека народот живее на вересија. Им пропадна банка од 200 милиони евра и око не им трепнува. Обезбедуваат повластена тарифа за универзалниот снабдувач на струја и екстра тендери на струмичка агеција за обезбедување за што се сомневаме дека испумпуваат пари додека сто илјади граѓани живеат со помалку од 50 денари дневно. Ете затоа протестираме, а пари има и цената на струјата мора да се врати по старо“, рече Мицкоски.

Ги повика сите незадоволни политички партии, интелектуалци, синдикати здруженија, еснафи и поединци.на обединување во опозициски фронт.  Мицкоски побара да се врати одлуката за зголемување на цената на струјата на преразгледување и да се намали маржата на добивката

„Гледаме дека оваа мафија што е во Владата ниту има слух ниту знае да се справи со вистинските проблеми на граѓаните Разбирам да се шири оптимизам, но ако не кореспондира со реалноста, тоа е лага. Од најавените мерки од третиот сет беа спроведени само оние за поткупување на гласови. Каде е „Викенд без ДДВ“? Слушнал некој? Нели требаше да важи за септември, сите викенди од септември да бидат викенди без ДДВ. Најавувани беа субвенции за бескаматни кредити, слушнавте некаде за тоа. Најавени беа 150 милиони поддршка за стопанството така што државата же гарантира за кредитите, но и за тоа никој ништо не слушна“, додаде Мицкоски, овој пат одговарајќи на новинарски прашања.

Претседателот на најголемата политичка партија рече дека протестите во иднина ќе се организираат во зависнот од политиката на власта.

„Протестот станува форма за спротивставување на власта, иако ние ќе бидеме и во парламентот. Овие протести нема да завршат со бугарско сценарио, туку со македонско сценарио“, рече Мицкоски.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик